Новата светска ѕвезда Петар Пејчиќ и Профундис повторно ја носат Candlelight-магијата во Македонија

По распродадениот премиерен концерт минатата година, традиционалниот „Candlelight“ спектакл под свеќи повторно ќе ги воодушеви љубителите на класичната музика во Скопје.

Под магијата на светлината од илјадниците свеќи, на 22 март со почеток во 20 часот, во големата сала на Македонската филхармонија, камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, ќе ве поведе на безвременско музичко патување исполнето со емоции и магија.

На концертот, насловен „Timeless“, како солист ќе настапи виолончелистот Петар Пејчиќ, еден од најголемите таленти на својата генерација. Петар Пејчиќ е млад и исклучелно талентиран виолончелист, кој веќе со години го привлекува светското внимание со својата виртуозност, музикалност, неверојатна техника, сценски изглед и харизматична изведба. Неговите успешни настапи на некои од најголемите светски сцени го поставуваат како еден од најврвните уметници на својата генерација. Пејчиќ е награден на неколку престижни меѓународни натпревари, вклучувајќи го Вториот меѓународен натпревар на Кралицата Елизабета, и е дел од програмите на престижни академии и фондации. Пејчиќ изведува дела од најголемите композитори со исклучителна техника и емоционална длабочина, создавајќи неповторлива музичка атмосфера која ќе остави траен впечаток.

На програмата на овој концертен спектакл се едни од најдобрите дела од класичниот репертоар, со истакната присутност на минимализмот, експресивноста и виртуозноста.

Програмата на концертот ќе ги понуди волшебните звуци на Филип Глас преку „The Hours“, композиција од истоименото филмско дело. Оваа композиција на Глас ја истражува контемплативната убавина и минимализмот, создавајќи емоционално интензивна и нежна атмосфера преку динамични мелодиски трансформации. Следува Унгарската рапсодија оп. 68 од Давид Попер, композиција за виолончело и оркестар која носи вистински експлозивен карактер со драматични унгарски мотиви. Почнува со лирски и меланхоличен вовед, но брзо се развива во блескава и динамична виртуозна демонстрација на техничките можности на виолончелото, правејќи ја вистински предизвик за секој солист. На крајот, публиката ќе биде воодушевена од Рококо варијациите на П.И. Чајковски, дело кое ја спојува елеганцијата на класичниот стил со богата музичка изразеност, создавајќи беспрекорен баланс помеѓу виртуозноста и емоциите на Чајковски.

„Среќна сум што Candlelight магијата стана традиционално концертно доживување во Скопје. Овој пат, имаме привилегија да бидеме домаќини на новата светска ѕвезда Петар Пејчиќ, кој со своето виртуозно изведување и сценска харизма ќе ја збогати магијата на оваа вечер. Програмата што ја нудиме е навистина уникатна и нема да остави никого рамнодушен затоа што ова ќе биде концерт кој ќе ги поттикне најдлабоките емоции кај присустните“, изјави маестра Ѓурѓица Дашиќ, уметнички раководител на оркестарот.

Инаку, концептот на „Candlelight“ – концерт под свеќи е светски познат тренд кој веќе традиционално го става и Скопје на светската мапа на локации каде се одржуваат овие уникатни спектакли. Музичките критичари го опишуваат како уникатно искуство каде традиционалниот концертен амбиент се трансформира во хипнотизирачка музичка симбиоза облеана во топлиот сјај на свеќите. Интимниот амбиент овозможува подлабока врска помеѓу публиката и изведувачите, создавајќи извонредно концертно искуство.

реклама

Култура

Бесплатен концерт на македонско-турско дуо во Даут Пашин Амам

Read more

Браќа Манаки објави повик за пријавување филмови за 46. издание

Read more

87 дела од колекцијата на МСУ-Скопје ќе бидат изложени во Љубљана

Read more

Велигденски концерт со грандиозната Голема миса во Це-мол од генијалниот Моцарт

Read more
 

Вести

Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Читај повеќе

Времето утре претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Објавени последните зборови на папата

Читај повеќе

ММФ: Светската економија значително ќе забави, на САД драстично

Читај повеќе

УЈП: Даночните обврзници имаат рок до петок да поднесат ДДВ – 04 пријави

Читај повеќе

МВР апелира: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки

Читај повеќе

Италија прогласи петдневна жалост за смртта на папата Франциск, погребот в сабота

Читај повеќе

Ал Гор: Администрацијата на Трамп е како нацистичка Германија

Читај повеќе

Нова цена на мазутот, дизелот и бензините без промени

Читај повеќе