Нови 364 случаи со COVID-19, хоспитализирани 414 пациенти

Во последните 24 часа се направени 2.140 тестирања, а регистрирани се 364 нови случаи на COVID-19.

Во:
-Скопје 184
-Куманово 13
-Дебар 1
-Штип 13
-Прилеп 12
-Тетово 19
-Струга 6
-Велес 4
-Битола 10
-Охрид 4
-Кавадарци 5
-Гостивар 4
-Гевгелија 5
-Струмица 21
-Крива Паланка 5
-Радовиш 11
-Кочани 17
-Пробиштип 2
-Македонски Брод 1
-Берово 3
-Валандово 3
-Виница 2
-Делчево 4
-Свети Николе 11
-Кичево 3
-Неготино 1

Починати се 3 лица, од Охрид (73г.), Гостивар (62г.) и Радовиш (72г.).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 106 оздравени пациенти.

„Есента дојде, состојбата со вирусот е многу сериозна“, посочи Филипче и додаде дека Европа и светот постепено се затвораат со силни рестриктивни мерки.

– Како ќе се развива состојбата кај нас, во која насока ќе се движиме, колку брзо ќе го стабилизираме и овој удар зависи од однесувањето на граѓаните и почитувањето на сите мерки и препораки кои се на сила. Здравствениот систем е подготвен да се бори и ќе се бори со вирусот. Имаме план за реорганизација на болнички капацитети и кадар за да одговориме на предизвикот по системот на ротација, нешто што подолго време функционира, но ни треба и сериозна поддршка на граѓаните. Потребно е одговорно и совесно однесување за да превенираме пренатрупување на болниците, тоа не смееме да го дозволиме. Сега е време сите максимално сериозно да пристапиме кон претстојниот период. Воопшто не е тешко и комплицирано да се следат основните правила за заштита, рече Филипче.

Потенцира дека на сите инфективни одделенија во државата се хоспитализирани 414 пациенти, што е најголем број на хоспитализации од крајот на јули. На Инфективната клиника, нагласи, има 86 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ – 40 пациенти од кои четири се на респиратор, а во болницата во Козле се хоспитализирани три деца и две суспектни за кои се чека резултат.

– Во сите одделенија во државата има значителен број пациенти, некаде капацитетот е целосно исполнет и пациентите се испраќаат во Скопје. Има слободни места во Охрид, Гостивар и во Тетово. Има 46 пациенти во болницата во Струмица и таму од утре ќе се подготвува капацитетот на новото крило, каде има опрема, материјали и се што е потребно за таму да бидат сместени пациентите. Целосно е подготвена болницата во Кочани, каде сега нема хоспитализирани пациенти за тој регион, има 60 кревети кои се подготвени за пациенти, двајца интернисти и двајца анестезиолози. Целосно подготвено е и празно одделението со 14 кревети во Кавадарци и значаен број слободни кревети кои можат од обичните одделенија да се адаптираат за третман на пациенти во болницата во Тетово, истакна Филипче.

Тој се осврна и на денешниот објавен неделен извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 28 септември до 4 октомври, и посочи дека тестирани се вкупно 9.832 материјали, а регистирани 1.203 нови позитивни случаи, што е зголемување за 35,5 отсто во однос на минатата недела. Најголем број од регистрираните случаи се од Скопје (n=519; 43,1 отсто), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Берово – 192,3 на 100.000 жители.

– Процентот на позитивни случаи од тестирани во овој период изнесува 12,2 отсто или три отсто повеќе во однос на претходната недела. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (19,9 отсто), а најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години (3,2 отсто) и од 10 до 19 години (7,5 отсто). Во однос на минатата недела, најголемо зголемување на бројот на новорегистрирани случаи се бележи во возрасните групи од третата и четвртата декада за 60 отсто односно 46,1 отсто. Од новозаболените, 13,2 отсто биле хоспитализирани, а кај 280 (26,1 отсто) лица е регистрирано присуство на коморбидитети, рече Филипче.

Од вкупниот број нови случаи, појасни, 37,6 отсто потврдиле контакт со потврден случај, а три отсто имаат историја на патување во последни 14 дена. Потенцира дека за оздравени се водат 786 лица, што претставува зголемување од 10 отсто во однос на претходната недела.

– Пријавени се 30 смртни случаи, 7,1 отсто повеќе во однос на претходната недела. Во однос на возраста, 24 лица биле на возраст над 60 години, а шест лица на возраст од 50 до 59 години. Дваесет и девет од случаите биле хоспитализирани, а само едно лице од починатите не било хоспитализирано. Коморбидитети се регистрирани кај 20 починати лица, рече Филипче.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more
 

Вести

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе