Нови авантури на праисториското семејство во трејлерот за „The Croods: A New Age“
Universal го објави првиот трејлер за „The Croods: A New Age“, продолжението на анимираниот филм за праисториското семејство кое во првиот дел од 2013 година бараше дом.
Трејлерот е забавен и динамичен и покажува дека Крудс, „првото семејство во историјата на светот“, ќе најде нови пријатели и сосема нов свет.
Гласовите ги позајмуваат: Николас Кејџ, Кетрин Кинер, Ема Стоун, Кларк Дјук, Клорис Личман, Рајан Рејнолдс, Питер Динклиџ, Лесли Ман и Кели Мари Тран.
Премиерата на „The Croods: A New Age“ е закажана за 25 ноември.