Нови детали за убиство на Афроамериканецот Рејшард Брукс во Атланта, во Сиетл е прогласена „автономна зона“

МИА/КАЈГАНА
/ 15.06.2020 / 08:20

Ситуацијата во САД ескалира. Во саботата навечер беше убиен уште еден Афроамериканец од страна на полицијата во Атланта, Џорџија

Викендов, пак, демонстрантите во Сиетл кои протестираат против полициското самоволие и брутаност, по убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис, зазедоа неколку квартови во градот и прогласија „автономна зона“.

Американската јавност е вознемирена. Додека во повеќе градови низ земјата сѐ уште траат протестите против расизмот и дискриминацијата, се случи уште еден настан сличен на насилната смрт на Флојд.

Аутопсијата на телото на убиениот Рејшард Брукс (27) покажа дека смртта настапила поради „истрели од пиштол во грб,“ кои предизвикале „повреди на органите и крварење“.

Демократскиот конгресмен од Јужна Каролина, Џејмс Клајберн, изјави дека не била потребна примена на смртоносна сила за време на средбата на полицијата со Брукс.

Remote video URL

-Тој веќе бил претресен, не носел оружје…и избегал. Што мислеле тие, каде тој може да избега. Боже мој, ја имате неговата кола, лесно може да го најдете. Но, не, вие истрелавте куршуми во неговиот грб, рече Клајберн, пренесе New York Times.

Само час пред да биде убиен, Брукс едноставно заспал во својот автомобил на „драјв тру“ пред сендвичарата „Вендис“. Вработените забележале автомобил со човек кој спие внатре, и пречи на пристапот на автомобилите на останатите муштерии при подигање на порачките, при што повикале полиција.  

По пристигање на местото првите минути комуникација меѓу полицијата и Брукс биле нормални. Од видео-камери поставени на објектот се гледа како еден од полицијците го буди Брукс. Според сведоци, тој дури им покажал и фотографија од неговата новородена ќерка.

Снимките покажуваат дека ситуацијата станала конфузна откако по направен тест за возење во алкохолизирана состојба, полицајците сакале да го уапсат Брукс, кој започнал да дава отпор и избегал. При што од еден од полицајците грабнал електрошокер. При обидот да побегне, службеникот употребил електрошокер против осомничениот, тој се свртел и сакал да употреби електрошокер против него, но сепак побегнал, по што бил застрелан.

Веста за смртта на Брукс во саботата вечерта на нозе крена илјадници луѓе по улиците на Атланта. Сендвичарата „Вендис“, каде се случи убиството беше запалена, а демонстрантите блокирале и автопат. Ситуацијата во овој дел на градот е сè уште тензична.

Неколку демократски конгресмени повикаа на итни реформи на службата, активистите бараат кратење и запирање на финансиите за полицијата.

Шефот на полицијата во Атланта даде оставка, полицаецот кој пукаше во Брукс е отпуштен и се соочува со обвинение за убиство од прв степен. Јавниот обвинител на округот Фултон ја критикуваше реакцијата на службениците и изјави дека во среда се очекува одлуката за тоа какви ќе бидат обвиненијата.

Демонстрантите во Сиетл пред Конгресот на сојузната држава прогласија „Автономона зона на Капитол хил“ (ЦХАЗ)“.

Зоната се простира неколку квартови и таму полицијата нема пристап. Шефот на полицијата на градот, Кармен Бес, за Fox news изјави дека службите за безбедност се спремни да ја „зазедат зоната, што побрзо“. Градоначалникот на Сиетл, демократката Џени Дукран, изјави дека луѓето „не се воена хунта“ која презела територија.

-Тие се мирољубови, нѐ очекува лето на љубовта, изјави таа за СNN.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Свет

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Read more

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Read more

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Read more
 

Вести

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе