Нови рекорди на Волстрит, но се тргува внимателно

На Волстрит вчера, S&P 500 достигна ново рекордно ниво, како и индексот Nasdaq, но тргуваше внимателно додека се чекаат нови економски индикатори и квартални деловни извештаи од компаниите.

Dow Jones зајакна 9 поени или 0,03 проценти на 34.292 поени, додека S&P 500 порасна за 0,03 проценти, на 4.291 поен, а индексот Nasdaq порасна 0,19 проценти, на 14.528 поени.

Четвртиот рекорден досег на индексот S&P 500 по ред се должи на порастот на цените на акциите во три од 11-те најважни сектори, и најмногу во технологијата, за 0,7 проценти.

Но, се тргуваше претпазливо, како што покажува и потпросечниот обем на тргување. Вчера беа разменети 9,6 милијарди акции на американските берзи, додека просечниот обем во последните 20 дена изнесуваше 11 милијарди.

Инвеститорите се воздржани пред новите важни економски показатели, како што е бројот на нововработени во јуни, што може да влијае на понатамошните одлуки на Федералните резерви на САД, за кои заздравувањето на пазарот на трудот е еден од приоритетите.

„Ако податоците се солидни и ако стапката на невработеност се намали, тоа може да ја смени реториката на ФЕД“, вели Мајк Зигмонт, директор на Harvest Volatility Management.

Претставници на ФЕД неодамна изјавија дека е рано да се заостри монетарната политика, и покрај зголемената инфлација, бидејќи пазарот на трудот сè уште не се опорави доволно од корона-кризата.

Инвеститорите исто така се претпазливи, со оглед на тоа дека сезоната на објавување на кварталните извештаи ќе започне наскоро.

Во анкетата на Reuters, аналитичарите проценуваат дека профитот на компаниите во индексот S&P 500 пораснал за 60 проценти во вториот квартал во споредба со истиот период минатата година.

Сите три најважни индекси се на пат да остварат добивка петти последователен квартал, благодарение на огромниот паричен и фискален стимул и економското закрепнување и заработката на компаниите.

Од почетокот на годината, индексот S&P 500 порасна скоро 14 проценти, додека Nasdaq и Dow Jones пораснаа за околу 12 и 11 проценти, соодветно.

И на европските берзи цените на акциите пораснаа вчера. Лондонскиот индекс FTSE зајакна 0,21 процент, на 7.087 поени, додека франкфуртскиот DAX порасна 0,88 проценти, на 15,690 поени, а парискиот CAC 0,14 проценти, на 6,567 поени.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе