Нови воздушни напади во Појасот Газа, загинати и повредени десетици деца

Газа, 16 мај 2021 (МИА) – Најмалку 40 лица загинаа, а 50 се повредени во израелските воздушни напади врз Појасот Газа денеска, соопштија здравствените власти во палестинската енклава.

Меѓу жртвите има 12 жени и осум деца. Меѓу повредените има десетици жени и деца.

Според телевизијата Ал Мајадин, 36 Палестинци биле убиени и речиси 60 повредени. Спасувачките екипи продолжуваат да ги расчистуваат остатоците од  куќи уништени од ударите на главната улица во Газа, Ал Вахда, под кои може да има затрупани луѓе.

Ова е најкрвавиот напад од жестоките борби што избувнаа пред една недела помеѓу Израел и палестинските екстремисти на Појасот Газа, со кои управува исламистичкото движење Хамас.

Израелска армија: Соочени сме со највисока стапка на ракетни напади

Израел се соочи со највисок број на ракетни напади на своја територија за време на последното конфронтирање со палестинската исламистичка група Хамас, која ја контролира Газа, соопшти денеска армијата.

– Од понеделникот вооружените групи во Газа истрелаа околу 3.000 ракети кон Израел, надминувајќи го темпото за време на ескалацијата во 2019 година и за време на војната во 2006 година со либански Хезболах, изјави израелскиот генерал-мајор, Ори Гордин.

За време на ескалацијата во ноември 2019 година помеѓу армијата и групата Исламски џихад, во текот на три дена беа истрелани 570 ракети од Газа кон Израел.

И во војната во 2006 година со Хезболах, поддржан од Иран, вкупно 4.500 ракети беа истрелани кон Израел во текот на 19 дена, според податоците на Гордин.

На прашањето дали темпото од понеделникот е највисока стапка на ракетни напади на израелска територија, Гордин рече: „Не само што се согласувам, туку ова е и она што го презентирам“.

Ескалацијата што трае веќе една недела е предизвикана од немири во источниот дел на Ерусалим, присоединет од Израел, и според бројот на жртвите во густо населениот појас Газа се искачи на 181, и на 10 лица во Израел, според властите од двете страни

Состанок на Организацијата за исламска соработка

Организацијата за исламска соработка составена од 57 земји, итно се состана денеска во врска со конфликтот меѓу Израел и палестински Хамас во Појасот Газа.

На почетокот на состанокот министерот за надворешни работи Ријад Малки од Палестинската управа, која управува со палестинските области на окупираниот Западен брег, ги осуди, како што рече, израелските „кукавички напади“.

– Мораме да му кажеме на Алах дека ќе се спротивставиме до последниот ден, рече Малки, додавајќи дека Палестинците се соочуваат со долгорочна окупација, што е основа на проблемот.

– Злосторствата се извршени против Палестинците, рече Малки.

Палестинските власти, сепак, немаат контрола врз Хамас и Појасот Газа, каде милитантите ја презедоа власта во 2006 година.

Тагови
реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Читај повеќе