Новинарка во живо од бомбардирање во Газа: О Боже, морам да се тргнам!

Јомна Ал Сајед, новинарка на Al Jazeera, известуваше во живо од покривот во Газа кога во израелски воздушен напад беше срамнета со земја зграда од 14 ката наспроти неа.

Неколку моменти пред нападот, новинарката рече дека штотуку биле истрелани неколку ракетни предупредувања и дека сега треба да започне уривањето на целата кула Ал-Шарук.

„Оваа зграда има 14 ката, таа е една од најголемите и најстарите згради во Појасот Газа и во неа главно се сместени канцеларии на медиуми“, додаде таа.

Додека Сајед ја изговараше следната реченица, проектилите ја погодија зградата произведувајќи силен звук.

Набргу по ударот, нејзината колешка во студиото ја праша дали слушнала проектили, и таа извика: „О, Боже. Да, да, да, морам да се тргнам“ и избега.

Remote video URL

Нападот беше дел од ескалацијата на насилството меѓу Израел и Палестина, најлоша од војната во Газа во 2014 година. Во четвртокот, израелски трупи беа стационирани на границата со Газа, а палестинските милитанти истрелаа ракети кон Израел.

Во новите воздушни напади врз Газа, Израел демолираше шесткатна станбена зграда во Газа за која се тврди дека му припаѓа на Хамас.

Најмалку 83 лица се убиени во Газа од ескалацијата на конфликтот во понеделникот. Во последните палестински ракетни напади, една ракета погоди зграда во близина на Тел Авив, ранувајќи петмина Израелци. Досега во Израел се убиени седум лица за време на конфликтот.

Тагови
реклама

Научниците открија каде може да има вонземјани кои ја набљудуваат Земјата

Read more

Бон Џови и покрај богатството пет дена неделно мие садови во ресторан

Read more

Русите објавија снимка од протерувањето на британскиот разурнувач

Read more

Од понеделник ќе се издаваат документи со новото уставно име

Read more

Свет

Русија подготвена да нападне туѓи воени бродови кои влегуваат на нејзина територија

Read more

12-катница се сруши во Мајами Бич: Еден загинат, најмалку деветмина повредени

Read more

Лидерите на ЕУ поделени околу можниот состанок меѓу Унијата и Путин

Read more

Во Москва отпуштаат од работа лица кои не сакаат да се вакцинираат

Read more
 

Вести

Казнети 330 возачи поради пребрзо возење

Читај повеќе

Русија подготвена да нападне туѓи воени бродови кои влегуваат на нејзина територија

Читај повеќе

Нови 10 случаи на COVID-19 од 2.302 тестирања

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

12-катница се сруши во Мајами Бич: Еден загинат, најмалку деветмина повредени

Читај повеќе

Од понеделник ќе се издаваат документи со новото уставно име

Читај повеќе

Пандев до Ангеловски: Шефе, благодарам е малку, го сплоти цел македонски народ

Читај повеќе

Лидерите на ЕУ поделени околу можниот состанок меѓу Унијата и Путин

Читај повеќе

Приведени четири лица од Стајковци, нападнале вработен на бензинска станица

Читај повеќе

Викендов ќе пристигнат 500.000 вакцини на Sinovac, утре уште 100.000 на Pfizer

Читај повеќе