Новиот документарец за Битлси го демистифицира распаѓањето на Фамозната четворка

„The Beatles: Get Back“, долгоочекуваниот нов документарен филм на познатиот Питер Џексон, се обидува да го демистифицира раскинувањето на Фамозната четворка и да ја прикаже нивната врска во последните месеци во поведро светло.

Документарниот филм од три дела ги следи Џон Ленон, Пол Макартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар во јануари 1969 година како подготовка за нивниот прв концерт по повеќе од две години.

Користејќи повеќечасовен досега необјавен архивски материјал, Џексон покажува и како Битлси напишале и снимиле 14 нови песни за албумот за само три недели.

Тоа е период добро познат на гледачите на документарниот филм „Let It Be“ од 1970 година на режисерот Мајкл Линдзи-Хог, кој во својот филм ја нагласи тензијата и горчината во бендот кој се распадна истата година.

И самиот обожавател на големите Битлси, Питер Џексон, најпознат по трилогијата за Господарот на прстените, не се оптоварува премногу со креативните несогласувања на квартетот од Ливерпул.

Со филмот „Get Back“, тој се обидува да ја преобликува воспоставената слика за последните години на Битлси како период на кавги и фрактури, а наместо тоа ги прикажува членовите на бендот како се забавуваат, се шегуваат и спонтано ги создаваат безвременските класици.

Remote video URL

„Имавме подеми и падови, но со сето тоа, и ќе се уверите сами во верзијата на Питер Џексон, многу се забавувавме, што не е прикажано во оригиналниот документарец“, изјави неодамна Ринго Стар.

Документарниот филм на Џексон, кој ќе биде достапен на Disney + од утре, го прикажува и последното јавно појавување на Битлси, 40-минутенниот концерт на покривот на зградата на нивната деловна компанија во Лондон, што сега за првпат ќе биде прикажан во целост.

Компанијата Apple Corps му дозволи на Џексон да прегледа околу 60 часа архивирани снимки што беа под клуч со децении.

„Верувањето дека татко ми е причината за распадот на Битлси отсекогаш било погрешно“, рече ќерката на Пол, Стела Макартни.

„Тоа е невистинито и може јасно да се види во овие неверојатни, досега невидени снимки“, додаде познатиот моден дизајнер.

„Поголемиот дел од мојот живот, срцето му беше скршено поради тоа. Во филмот е очигледно дека тој очајно сака неговото братство да живее, недопрено.“

Тагови
реклама

Филм & ТВ

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе