Новиот Huawei изгледа како комбинација од Maybach, BMW и Rolls-Royce

Huawei се етаблира како производител на мобилни телефони и поврзана опрема, а неодамна се појави и во автомобилската индустрија.

Конечниот резултат е Maextro S800, првиот модел од заедничкиот бизнис меѓу технолошкиот гигант Huawei и кинескиот производител на автомобили JAC, но и четвртото возило во проектот HIMA на Huawei.

Се приклучува на линијата која ги вклучува моделите Stelato, Luxeed и AITO, кои се создадени во соработка со различни кинески производители на автомобили.

Луксузната лимузина Maextro ги зема стилските знаци од своите европски конкуренти. Двобојното тело и тркалата се позајмени од Maybach, ултратенките фарови се блиску до BMW Серија 7, додека закосената линија на покривот потсетува на елегантниот Rolls-Royce Wraith со две врати.

Поставен на архитектурата Tuling Intelligent Chassis на Huawei, Maextro S800 е долг 548 cm, додека меѓуоскиното растојание е дури 337 cm. На пример, Rolls-Royce Ghost е 6,5 cm подолг од Maextro.

Засега не се знае многу за дизајнот на ентериерот, но единствената фотографија покажува ѕвездено небо на кровот на возилото или осветлување кое треба да ги симулира пространствата на просторот.

Моделот е опремен со системи Super Cruise, Super Maneuverrability, Super Awareness, Super Privacy, Super Communication и Super Protection. Сето тоа звучи одлично, но мора да видите што прават сите овие системи.

Деталите за електричниот погон остануваат тајна. Maextro ќе се појави на пазарот следната пролет, со почетна цена од еден милион јуани, што во превод значи приближно 135.000 евра.

Тие бројки го прават еден од најскапите автомобили произведени во Кина, но сепак е поевтин од европската конкуренција како Rolls-Royce или Maybach базиран на Mercedes EQS.

Тагови
реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Половина Македонија се разбуди во мрак, граѓаните бесни чекаат одговори

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Барса вечер прв пат во историја ќе истрча со 11 играчи од Ла Масија

Read more

Авто новости

Камионите DAF добиваат соларни панели, наводно ќе трошат помалку гориво

Read more

Во друштво на суперспортските автомобили сега е и De Tomaso P72

Read more

Скок во продажбата на електрични автомобили

Read more

Падна договор вреден 69 милиони евра меѓу Jeep и Јувентус

Read more
 

Автомобили

Камионите DAF добиваат соларни панели, наводно ќе трошат помалку гориво

Читај повеќе

Електричниот Volkswagen Golf GTI ќе биде „чудовиште“

Читај повеќе
  • play_arrow

Во друштво на суперспортските автомобили сега е и De Tomaso P72

Читај повеќе

Скок во продажбата на електрични автомобили

Читај повеќе

Падна договор вреден 69 милиони евра меѓу Jeep и Јувентус

Читај повеќе

Што е најевтино за возење: Електричен автомобил, бензинец или дизелаш?

Читај повеќе

Uber се здружи со Кинезите: Носат роботакси во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѕиркање во гробиштата за суперавтомобили и луксузни модели во Дубаи

Читај повеќе
  • filter

Која е најдобрата заштита за автомобил од град?

Читај повеќе