СЕРИЈА А 2022/2023

Новиот Холанд игра во Аталанта и растура годинава

Филип Здравески
/ 13.02.2023 / 13:38

Викинг како Норвежанецот, за Данецот Расмус Хојлунд велат дека е новиот Ерлинг Холанд. Откако Калчото влезе во 2023 година почна неговата голгетерска форма.

20-годишниот Данец минатото лето пристигна во клубот од Бергамо за 17 милиони евра од австриски Штурм и веднаш почна да дава свој приодонес во тимот кој и оваа сезона се бори за место во Лигата на шампионите, иако сѐ уште не е на нивото на пославниот Норвежанец, кога станува збор за бројот на постигнати голови.

„Тој има многу слични карактеристики со Холанд, не само неговото лице“, рече Џан Пјеро Гасперини, тренерот на Аталанта по саботната изненадувачка победа од 2:0 над Лацио среде Рим во која токму Хојлунд ја запечати победата во 65. минута.

„Многу е брз, за помалку од 11 секунди достигнува 100 метри и тоа кога не се ни труди многу. Со оглед на неговата висина, има мал гравитациски центар и може нозете многу брзо да ги движи. Сигурен сум дека ќе има одлична кариера, тој секој ден станува сѐ посилен“, додаде Гасперини.

Најтиражниот италијански дневен весник La Gazzetta dello Sport веќе го нарече „наредниот Ерлинг Холанд“ и напомена дека неговата цена веќе се дуплирала, најмалку, па сега вреди 40 милиони евра. Розевиот весник напоменува и дека неколку европски гиганти веќе го следат, но тој има договор со „Деа“ до 2027 година, па кој и да го посака во своите редови ќе мора добро да искешира.

„Се чувствува дека Аталанта сака да ужива во неговите игри уште некое време, освен ако не добијат понуда што е невозможно да се одбие“, пишува GDS во денешното издание.

Хојлунд сезонава има 5 гола во Серија и 2 асистенции, а еднаш погоди и во Копа Италија. Пред десетина дена го прослави 20-тиот роденден, а во септември дебитираше во сениорскиот тим на данската репрезентација. Своите голгетерски способности на Чизмата почна да ги покажува годинава, постигнувајќи 4 гола на 7 натпревари во Серија А, откако есента постигна само 1, но тогаш како млад и нов имаше и помала минутажа.

реклама

Хирон влегува во Бик по 50 години: Голема среќа за 3 хороскопски знаци

Read more

Крај на доплатата за рачен багаж во Европа: Бесплатен куфер со секоја карта од 2027 година

Read more

Како изгледа најмалата земја што игра на Светско: Курасао е карипски рај со европски потпис

Read more

„Протече“ тајниот договор: Иран доби милијарди од Катар, САД тивко го одобрија планот

Read more

Фудбал

Силекс и Шкендија ги добија противниците во Конференциската лига

Read more

Ме викаа Бабата: Момчето одгледано од неговите баба и дедо кое ја сопре Шпанија

Read more

ФИФА му дозволи на Трамп да го крши нејзиниот протокол

Read more

Вардар квалификациите за Лигата на шампионите ќе ги почне против финскиот шампион

Read more

Спорт

Ноа Лајлс постави светски рекорд на 150 метри

Читај повеќе

Силекс и Шкендија ги добија противниците во Конференциската лига

Читај повеќе

Ме викаа Бабата: Момчето одгледано од неговите баба и дедо кое ја сопре Шпанија

Читај повеќе

ФИФА му дозволи на Трамп да го крши нејзиниот протокол

Читај повеќе

Вардар квалификациите за Лигата на шампионите ќе ги почне против финскиот шампион

Читај повеќе

Претседателот си ги однел љубовницата и сопругата на Светското, на сметка на Бразилската конфедерација

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо ги критикуваше Анчелоти и Бразил

Читај повеќе

Нов скандал со Иран: Американската виза на Мехди Тораби истече по првиот меч

Читај повеќе
  • play_arrow

Биелса незадоволен од ремито: Моравме да ја победиме Саудиска Арабија

Читај повеќе