Електричните возила би можеле да го променат начинот на кој луѓето ќе патуваат, а засега постојат најразлични идеи и визии за тоа што може иднината да донесе. Еден таков концепт доаѓа и од компанијата Tesla.
Станува збор за концепт во две верзии наречени Cybercat и Cybercat Foiler. И двете подразбираат претворање на Tesla Cybertruck од пикап во катамаран, но едниот доаѓа со хидроглисери за подобра ефикасност во вода.
Компанијата Tesla дизајнира комплет за конверзија така што едно лице ќе може самостојно да трансформира пикап во катамаран, а сите компоненти ќе можат практично да се склопат и чуваат во пикап.
Cybercat ќе плови со брзина од 40 км/час, додека дометот ќе изнесува повеќе од 185 км при брзина од 9,7 км/час/
Од друга страна, Cybercat Foiler ќе може да достигне брзина поголема од 64 км/час и сличен домет како Cybercat.
Tesla веќе ги прима резервациите за овие конверзии без потреба за депозит, бидејќи е јасно дека Cybercat зависи од пристигнувањето на Cybertruck.