Новиот Range Rover Sport претставен во Македонија

Моќен. Драматичен. Бескомпромисен. Новиот Range Rover Sport ја имаше својата премиера  на македонскиот пазар со ексклузивно претставување пред вљубениците на британската марка Land Rover, со автентичен настан во просториите на продажно-сервисниот центар на Jaguar Land Rover во Скопје.

Исто како и на светската, новиот Range Rover Sport дебитираше на македонската сцена на дело и во акција, со прикажување на ултимативниот предизвик снимен во Исланд, на најголемата брана од ваков вид во светот. Се спротистави на напливот на водата што тече со брзина од 750 тони во минута искачувајќи се по каналот долг 193 m. Се демонстрираше неговата цврстина, влечна сила, перформанси и смиреност во екстремни услови.

Новиот Range Rover Sport плени со уверливиот карактер, со повеќе став од кога и да е. Драматичните пропорции, мускулестиот став и заострените површини изразуваат моќ, перформанси и агилност. Ја прифаќа редукциската природа на филозофијата за модернистичкиот дизајн, додека ги воздигнува клучните состојки на неговите гени. И во внатрешноста модернистичката филозофија продолжува, создавајќи баланс помеѓу одмерената воздржаност и емоционално изменетиот ангажман на возачот. Новиот Range Rover Sport го редефинира спортскиот луксуз во вистинска смисла.

Што и да се случува, новиот Range Rover Sport има сè под контрола. Под површината изобилува со најсовремена технологија за справување со секаков терен но и технологија за поврзан, прeфинет, модерен луксуз. Најновиот и најдобар електричен плаг-ин хибрид е погонски систем како ниеден друг. Целосно електрична способност, за речиси секое патување, бидејќи може да се поминат повеќе од 80 km со едно полнење. Електричниот плаг-ин хибрид значи и електрични перформанси. 510 КС комбинирана моќност од 0-100 km на час за само 5,4 s. Тука е динамичното воздушно потпирање, нова технологија што содржи воздушни пружини, со две воздушни комори. Ова го одржува возилото во брзите свиоци и при нагло забрзување или сопирање, а погонот на сите тркала реагира побрзо и непречено, секогаш кога ќе го свртите воланот. Поагилен на мали брзини и посигурен при големи брзини. Новиот Range Rover Sport е подготвен за секој предизвик. Пионерската архитектура на Land Rover MLA-Flex и најновите системи на шасија се во фузија за да го испорачаат највисокото ниво на динамика што досега е виден кај Range Rover Sport. 

Резултатот е најпривлечниот и највозбудливиот Range Rover Sport досега кој македонската публика ексклузивно има можност одблиску да го запознае во салонот на Automobili Group.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Промо

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more
 

Ново

  • filter

Секси петок

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе