Мобилни

Новиот Samsung Galaxy S20 Ultra 5G ќе биде вистински „ѕвер“

15. јануари 2020 - 15:53 | М.С.

Првите гласини велат дека новиот модел на Samsung кој ќе пристигне наскоро ќе биде вистински технолошки „ѕвер“ со врвни перформанси.

На Twitter кржат шпекулации за новиот Galaxy S20 Ultra 5G кој ќе има главна камера од 108 MP, камера од 48 МP со 10x оптички зум и ултраширока камера од 12 MP.

Во понудата ќе бидат и верзиите со 12 и 16 GB RAM, односно 128, 256 и 512 GB интерна меморија.

SD слот ќе поддржува мемориска картичка со капацитет до 1 ТB.

Уредот ќе го напојува батерија со капацитет од 5.000 mAh.

Кој процесор ќе користи Galaxy S20 засега не е познато, но се шпекулира дека тоа ќе биде Qualcomm Snapdragon 865 односно Samsung Exynos 990.

Новите уреди од серијата Galaxy S20 ќе бидат претставени на настанот Unpacked на 11 февруари.

Коментирај