Ново ДВД со пет македонски дигитално реставрирани филмови

Кинотеката денеска промовираше ново ДВД-издание со пет македонски долгометражни играни филмови дигитално реставрирани, а снимени на 35-милиметарска филмска лента, по повод Светскиот ден на аудиовизуелното наследство, кој годинава се одбележува под мотото „Вашиот прозорец кон светот“.

На ДВД се објавени два филма од хрватски режисери –  „Три Ани“ на Бранко Бауер од 1959 и „Македонски дел од пеколот“ на Ватрослав Мимица од 1971, кои се дигитализирани во 2013 во соработка со Хрватската кинотека, и „Жед“ на Димитрие Османли од 1971, „Татко (Колнати сме, Ирина)“ на Коле Ангеловски од 1973 и „Хај-фај“ во режија на Владимир Блажевски од 1987 година, чија дигитализација е направена во 2015 во соработка со Југословенската кинотека во Белград.

Тие се дел од долгорочниот проект кој Кинотеката го почна во 2011 за дигитализација и дигитална реставрација на националното аудивизуелно наследство. Кинотеката од сите проекти издава и ексклузивни изданија на ДВД. Во изминатите девет години беа промовирани дигитално реставрираните филмови од целокупниот опус на браќата Манаки, Арсени Јовков, Љубиша Георгиевски, Бранко Гапо, Столе Попов, Милчо Манчевски, Кирил Ценевски.

– Овие пет дигитално реставрирани филмови се приказна за преплетеноста на мотиви, жанрови, креативноста на авторите и актерите, продукциите и културолошките релации, рече директорот на Кинотека Владимир Ангелов на промоцијата на ДВД-то во киносалата на Кинотеката, додавајќи дека нема нешто што им е заедничко на овие филмови, но дека обединувачка точка е нивниот квалитет.

Промоцијата на ова ДВД била планирана во март, но се одолжуваше поради пандемијата. Ангелов информираше дека веќе имаат еден вработен со COVID-19 и едно одделение во моментов е во самизолација, но дека ги спроведуваат мерките за заштита и, како што рече, не се откажуваат од нивните активности.

По повод Светскиот ден на аудиовизуелното наследство, Кинотеката денеска ги отвори своите работни простории и депоа за студентите, ученициите, колегите од сродните институции и секторот за заштита на културно наследство, како и за љубопитните граѓани.

Одбележувањето ќе продолжи вечер во 19 часот во киносалата на Кинотека каде што ќе бидат прикажани филмовите „Исчезнувањето на Сузана Арсова“ на режисерот Борис Дамовски (1992), „Првата светска војна, Сеќавања (WW1 Remembering)“ –  посветен на македонскиот фронт и на жртвите од Првата светска војна сниман во Македонија, Србија и Швајцарија, „Фотографија 20-20“ на Роберт Јанкуловски и „Македонски дел од пеколот“ на Ватрослав Мимица.

Светскиот ден на аудиовизуелното наследство се одбележува  на иницијатива на УНЕСКО и е прифатено од меѓународните тела што обединуваат организации и асоцијации на филмски архиви, музеи и институции што се занимаваат со заштита и чување на аудиовизуленото наследство, предводени од Координативниот совет на здруженијата на аудиовизуелни архиви (CCAAA – Coordinating Council of Audiovisual Archives Associations).

Целта е да се подигне јавната свест за зачувување на овој вид наследство за идните генерации, наспроти сите технички, политички, општествени, финансиски и други фактори што го загрозуваат неговиот опстанок.

Во Кинотеката се чува целокупната македонска филмска продукција, од почетоците на „Вардар филм“ во 1947 година па до денес. Во депоата на Кинотеката и во Хавзи-пашините конаци во Визбегово се чуваат над 15.000 филмски копии. Депоата во Кинотеката, кои беа пуштени во употреба во 2009 година, се по сите светски стандарди за чување и заштита. Од 1991 Кинотеката членува и во Меѓународна федерација на филмски архиви – ФИАФ.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Филм & ТВ

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Read more

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Read more
 

Сцена

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе