Ново признание за ВИТАЛИА: Престижниот сертификат „Фер со потрошувачот“

Виталиа се стекна со сертификатот „Фер со потрошувачот“ кој го доделува Организацијата на потрошувачите на Македонија врз доброволна основа. Доделувањето на сертификатот претставува потврда дека Виталиа е ориентирана кон почитување на правата на потрошувачите и дека посветено се грижи за задоволството на потрошувачите во сите области на делување.

„Задоволство ни е да го поздравиме пристапувањето на Виталиа кон процесот на сертификација. Тоа значи дека компанијата во сите наведени области ги исполнила условите и се стекна со сертификат – ФЕР со потрошувачот. Со сертификатот се верификува обврзаноста на Виталиа да негува примерен однос кон потрошувачите, а со тоа да придонесе кон зголемување на нивната доверба и задоволство. Виталиа претставува сертифицирана компанија која ќе биде објавена на веб страната ФЕР со потрошувачот за сертифицирани компании“ – изјави претседателката на ОПМ, д-р Маријана Лончар Велкова.

Сертификатот „ФЕР со потрошувачот“ се доделува на компании кои имаат имплементирано јасно дефинирана стратегија за заштита на безбедноста и здравјето на потрошувачите, примена на фер пазарни практики при информирање, рекламирање, означување и склучување договори со потрошувачите, техничка поддршка и решавање поплаки и спорови, кои гарантираат заштита на личните податоци на потрошувачите и нивната приватност,инвестираат во едукација и свесност на потрошувачите и се грижат за влијанието на производите врз животната средина.

„Нашиот најголем успех е задоволството и лојалноста на нашите ценети потрошувачи. „Нашите потрошувачи се наша инспирација“ е мотото на Виталиа од самиот почеток во сите сегменти на работењето. Навистина се радуваме кога потрувачите ја препознаваат нашата посветеност за задоволување на нивните нутритивни потреби и очекувања. Претставува уште поголема чест кога и институции како што е ОПМ, кои имаат долготрајно искуство во заштита на правата на потрошувачите, ги препознаваат нашите вложувања и вредностите на кои се темели брендот“ – изјави Оливера Ѓорѓиоска, менаџер за продажба за Македонија.

Виталиа останува доследна на својата мисија и визија, повеќе од 27 години создавање здрава храна за здрави генерации.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Промо

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more
 

Ново

  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе