Новогодишна елка од луѓе за Гинисов рекорд на плоштад „Македонија“

Скопје, 21 декември 2019 (МИА) – Плоштадот „Македонија“ денеска беше местото каде што скопјани се обидоа да постават нов Гинисов рекорд за најголема новогодишна елка во светот направена од луѓе. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, најави дека снимките од настанот ќе бидат испратени, по што ќе се чека одговор дали е срушен Гинисовиот рекорд.

- Заедно со скопјани се обидуваме да го срушиме Гинисовиот рекорд за најголема елка направена од живи луѓе. Благодарност до сите скопјани што учествуваа во оваа предновогодишна манифестација бидејќи идејата на сите ни е иста, а тоа е нашиот град да биде градот каде е направена најголемата жива елка во светот, изјави Шилегов.

Тој информира дека се направени дронски снимки од настанот, кои ќе бидат испратени и ќе се чека одговор.

- Направени се снимките и тие ќе бидат пратени. Очекуваме деновиве да добиеме одговор дали успеавме да го срушиме Гинисовиот рекорд. Стариот е околу 4.020 лица. Ние таргетиравме 5.500. Не успеавме да ја стигнеме таа бројка, но во секој случај по она што го видов од дронските снимки, мислам дека успеавме да го надминеме рекордот. Да почекаме тоа да биде и официјално, рече Шилегов.

Формирањето новогодишна елка од луѓе, како што соопштува Град Скопје, е дел од програмата на „Винтерленд“.

Настанот ќе биде збогатен со музичко-забавна програма, а за доброто расположение на учесниците ќе се погрижат Бени Шаќири и „Нонстоп“.

Во моментов, најголемата елка од луѓе според Гинис е направена во Индија, во 2015 година.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Чек дис аут

Историски заблуди

Read more

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Read more

Првото нешто што ќе го видите открива дали може лесно да се манипулира со вас

Read more

Наполеонов комплекс: Дали ниските мажи навистина се поагресивни?

Read more
 

Магазин

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе