Новости од Ирак: Девојчињата на возраст од 9, момчињата од 15 години ќе можат да се венчаат

Макфакс
/ 23.01.2025 / 09:55

Ирачкиот парламент ги усвои амандманите на законот за семејство кои би можеле да доведат до намалување на возраста за брак на 15 години за момчињата и 9 за девојчињата, јави денеска ТАСС, наведувајќи дека амандманите на законот се усвоени како единствен пакет заедно со уште два други амандмани, на кој се спротивставија многу пратеници.

Претседателот на ирачкиот законодавен совет, Махмуд ал-Машадани најави гласање за три нацрт-закони истовремено, кои некои ги сметаат за нелегитимни, а гласањето го призна за валидно и успешно и покрај недоволниот број на гласови „за“.

Веднаш по гласањето, група ирачки парламентарци потпишаа петиција со која се бара оставка на претседателот, а некои од нив планираат да ја оспорат уставноста на усвоените акти.

Измените на Законот 188 „за личниот статус“, усвоен во 1959 година и го претставува ирачкото семејно право, предизвикаа негодување во јавноста.

Во сегашната верзија, бракот е доброволна заедница меѓу способен маж и жена кои наполниле 18 години, додека во посебни случаи бракот е дозволен на возраст од 15 години.

Со усвоените амандмани се коригираат ставовите 2 и 10 од Законот за семејство и се дозволува бракот да се склучува во согласност со верските норми, особено оние пропишани во шиитската гранка на исламот, која ја следи значителен дел од ирачкото население.

реклама

Во Европа се раѓа ново големо ривалство, стадионите ги дели улица

Read more

Кит проголта и исплука кајакар кај брегот на Чиле: Мислев дека тоа е крајот

Read more

Што ќе се случи ако истурите омекнувач во тоалетот?

Read more

Нова технологија ја претвора топлината од издувните гасови од авиони и автомобили во електрична енергија

Read more

Свет

Орбан: Трамп ќе го пресече Гордиевиот јазол во Украина, тоа го сакавме

Read more

Авион принудно слета по тепачка на четворица патници

Read more

Измерено ниво на радијација откако руски дрон удри во куполата над Чернобил

Read more

Трамп: Денеска се среќаваме со Русите во Минхен, поканети се и Украинците

Read more
 

Вести

Груевски: Заев гради кула во Дубаи вредна над 600 милиони евра

Читај повеќе

Велешанка во притвор: Каменувала дете, го удрила со нога во стомакот

Читај повеќе

Нарко бос од Македонија уапсен во Швајцарија откако си направил нов македонски идентитет

Читај повеќе

Облачно време со температури до 14°C

Читај повеќе

Директорот на РЕК Битола осомничен за незаконски избор на јавна набавка

Читај повеќе

Во Кисела Вода утре започнува тримесечна акција за бесплатно собирање на кабаст и електронски отпад

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту било разговарано за промена на химната, ниту во иднина ќе се разговара

Читај повеќе

СДСМ: Шокантни се изјавите на Таравари за грбот и химната

Читај повеќе

Нова веб-апликација за следење на жешките точки и еколошкиот статус на Охридското и Преспанското Езеро

Читај повеќе