Нуклеарна војна би предизвикала глобален глад и смрт на милијарди луѓе

Повеќе од 5 милијарди луѓе би умреле од глад по евентуалната нуклеарна војна меѓу САД и Русија, а дури и ограничен нуклеарен судир меѓу Индија и Пакистан би го десеткувало земјоделското производство и би резултирало со масовен глад во светот, покажа глобална студија изработена од научници од американскиот Универзитет Рутгерс во соработка со повеќе други универзитети.

Научниците ги пресметале ризиците од шест можни нуклеарни сценарија: пет помали индиско-пакистански војни и голем конфликт меѓу САД и Русија, врз основа на големината на нуклеарниот арсенал на секоја земја.

Дури и релативно помал конфликт меѓу нуклеарните сили Индија и Пакистан може да предизвика глад на повеќе од милијарда луѓе и уништување на земјоделските култури. Само од експлозиите на нуклеарните бомби ќе умрат меѓу 50 до 100 милиони луѓе.

Локален судир меѓу Индија и Пакистан би предизвикал пад на приносите во глобалното земјоделство за околу 7 проценти во рок од пет години, додека американско-руската војна би предизвикала за 90 отсто во рок од три до четири години.

Овие промени ќе предизвикаат катастрофално нарушување на глобалните пазари на храна, а повеќе од 75 отсто од жителите на планетата би гладувале две години.

Нуклеарните војни би донеле и други последици – озонската обвивка ќе биде уништена со загревањето на стратосферата, создавајќи повеќе ултравиолетово зрачење на површината, што ќе има катастрофални последици.

Прашината и саѓите од експлозиите ќе предизвикаат затемнување и „нуклеарна зима“. Во годините веднаш по нуклеарниот конфликт, 5 милијарди луѓе би можеле да умрат од глад предизвикан од прашината во атмосферата, што би ја блокирало сончевата светлина, што веројатно многу би ги надминало жртвите предизвикани од самите експлозии.

– Податоците кажуваат една работа: нуклеарна војна никогаш не смее да се случи. Забраната на нуклеарното оружје е единственото долгорочно решение. Петгодишниот Договор на ОН за забрана на нуклеарно оружје е ратификуван од 66 земји, но ниту една од деветте нуклеарни држави. Нашата работа јасно покажува дека е време тие девет држави да ја слушаат науката и остатокот од светот и да го потпишат овој договор, вели Алан Робок, професор по климатски науки на Рутгер и еден од авторите на студијата.

Во студијата предводена од Рутгерс, учествувале научници и од Универзитот во Барселона, ​​Државниот универзитет во Луизијана, Институтот за истражување на климатските влијанија во Потсдам, Институтот за вселенски студии НАСА Годард, Универзитетот Колумбија, Националниот центар за атмосферски истражувања, Универзитетот во Колорадо и Универзитетот за технологија во Квинсленд.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе