На преносот не можеше да се види хаосот што се случи по полуфиналето на ЕП меѓу Шпанија и Франција (2:1), а тоа може да влијае и на самото финале.
Обезбедувањето никогаш не било полошо на голем турнир, па и овој пат еден од навивачите успеа да им побегне на редарите.
Маките на Германија со организацијата продолжија, а „најдебелиот крај го извлече“ Алваро Мората, капитенот на Шпанија.
Навивачот трчаше низ теренот, ги избегна редарите и даде се од себе за да направи историско селфи со милениците на Шпанија.
И додека редарите се обидувале да го фатат, еден од нив погрешно проценил кој е всушност тој што побегнал.
Наместо навивач, тој се лизна во Алваро Мората, кој заврши на земја. После тоа беше очигледно дека Мората чувствува болка и последици од тој старт.
Yellow card for that challenge, surely? Referee?pic.twitter.com/EOMNCXKiSl
— Football España (@footballespana_) July 9, 2024
Шпанија сега ќе треба да ја следи состојбата на Мората за да утврди дали ќе може да игра во финалето во Берлин за пет дена.