На 1 јули на Netflix ќе се прикажува вториот дел од четвртата сезона на „Stranger Things“, а веќе е објавен нов трејлер кој откри досега невидени сцени од преостанатите епизоди.
Првиот дел од најновата сезона беше голем хит на Netflix, беа регистрирани 287 милиони часа гледање низ различни делови во светот. Серијата беше најмногу гледана во 83 земји. Тоа е уште еден рекорд за Netflix.
Дејството на четвртата сезона почнува 6 месеци по завршувањето на третата.
Петтата сезона ќе биде и последна, но наводно постои можност за спин-оф.