Објавен првиот трејлер за последната FIFA игрица: Крај на една ера

Пристигна првиот трејлер за претстојната популарна фудбалска игрица.

FIFA 23 ќе претставува крај на една ера поради прекин на соработката помеѓу ФИФА и EA Sports.

Соработката помеѓу EA Sports и Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации траеше 30 години. Сепак, поради високите трошоци за лиценцирање, FIFA 23 ќе биде последната игра направена во нивната соработка. Ова е секако голема штета за љубителите на овој наслов, бидејќи во последните години оваа игра го достигна својот врв, а EA Sports во голема мера ја подобри играта.

EA ќе продолжи да ја објавува својата фудбалска игра секоја година, но под ребрендираниот наслов EA Sports FC. Сите функции ќе бидат таму, само под друго име и без лиценци. Сепак, дотогаш, да видиме што нè чека во најновата FIFA игрица која ќе излезе на 30 септември 2022 година и која е веќе достапен за нарачки однапред.

Remote video URL

Технологијата Hypermotion, која ја краси играта FIFA 22, оваа година се подобрува под името Hypermotion 2. Новина е што во FIFA 23 ќе бидат вклучени и женски фудбалски тимови, а во рамките на турнирот ќе може да се изберат меѓународни турнири меѓу мажи и жени, додека функциите за вкрстена игра се достапни на повеќе начини - корисниците на конзолите од серијата PS5 и Xbox, како и играчите за компјутери, ќе можат да играат меѓу себе, исто како играчите на PS4 и Xbox One.

Компанијата соопшти дека FIFA 23, благодарение на технологијата Hypermotion 2, „ги поместува границите на реалноста“, користејќи „милиони податоци“ за да создаде „нови анимации во реално време“. Во однос на играта, тоа значи дека гејмерите ќе го добијат „најприродното и најреално движење на играчот и топката“. Технологијата Hypermotion 2 ќе биде достапна само на компјутерите и конзолите од новата генерација.

Играчите ќе можат да го доживеат врвот на меѓународниот спорт, бидејќи EA Sports го носи Светското првенство на ФИФА во Катар и Светското првенство на ФИФА за жени во Австралија и Нов Зеланд како DLC по лансирањето - без дополнителни трошоци.

Тагови
реклама

Двајца млади скопјани најдени починати

Read more

Каде во Европа ќе купите најдобри половни автомобили?

Read more

Македонија и Србија не мораат да измислуваат „топла вода“ – таа ни е под земја

Read more

Денешниот датум 12.12 е еден од најмоќните во годината – направете неколку симболични чекори за да ве следи среќа

Read more

Гејминг

Battlefield 6 воведува ажурирање за Winter Offensive и бесплатно борбено оружје

Read more

Sony има нов контролер за PS5 со тематика поврзана со игрицата Genshin Impact

Read more

Gran Turismo 7 добива една од најголемите надградби досега

Read more

Backbone го претстави Pro Xbox Edition контролерот со Bluetooth и ажуриран дизајн

Read more
 

Гик

Научници открија скриена моќ на мозокот за согорување на масти

Читај повеќе

Видови морски ежови на работ на истребување поради морска пандемија

Читај повеќе

Како бил расцепкан Луксембург за денес да биде една од најмалите држави во Европа?

Читај повеќе

Battlefield 6 воведува ажурирање за Winter Offensive и бесплатно борбено оружје

Читај повеќе

Зошто некои коцки мраз се кристално бистри, а други заматени и бели?

Читај повеќе

Дали би седеле 100 дена во изолација за 23.000 евра?

Читај повеќе

Зошто Google и Apple ги здружија силите?

Читај повеќе

Windows конечно доби корисно ажурирање

Читај повеќе
  • filter

70 години од усвојувањето на знамето на ЕУ: Како едноставниот дизајн стана глобален симбол на надеж?

Читај повеќе