Bumble, апликацијата за запознавање, објави листа на најпопуларните фетиши за 2024 година. Во истражувањето учествувале повеќе од 4.000 парови.
На врвот на листата е продолжувањето на интимните односи после оргазам. На второ место е секс на балкон. Следува малку чуден фетиш - секс додека играте видео игрици.
На четврто место е будењето со орален секс. Многу парови уживаат во тренирањето голи, што го прави ова петти најпопуларен фетиш во 2024 година.
Резултатите од истражувањето покажаа и разлика во сексуалните преференции помеѓу генерацијата Z, милениумците и генерацијата X. Се чини дека членовите на генерацијата Z имаат понежен пристап кон сексот. Ова ги вклучува луѓето родени од средината на 90-тите до раните 2000-ти.
Имено, кога ги прашале за нивните омилени сексуални активности, гушкањето било на прво место. Тие се повеќе срамежливи кога станува збор за користење на секс играчки.
Имено, 43% од нив се изјасниле дека би биле отворени за таа опција. Поголемиот дел од милениумците (луѓе родени помеѓу 1980 и 1994 година) и членовите на генерацијата X (родени помеѓу 1965 и 1979 година), или 54%, посочија дека користат секс играчки.