На YouTube каналот на Евровизија е промовиран видеозаписот за песната Цирклс во изведба на Андреа Коевска, македонската претставничка на годинешниот Евросонг.
Песната е компонирана од Александар Масевски, додека стиховите се на Масевски и Коевска. Гласањето за избор на песна се одвиваше онлјан, преку сајтот на Македонската радио телевизија.
Оваа година Евровизија ќе се одржи во Торино, Италија.