Објавен трејлерот за „Venom 2“ со Вуди Харелсон и Том Харди
Конечно е објавен трејлерот за долгоочекуваното продолжение на „Venom“, со Вуди Харелсон како новиот негативец.
Трејлерот дава увид во трансформацијата на Клејтус Касади (Вуди Харелсон), луд сериски убиец, кој преживува смртоносна инјекција во затвор која всушност буди симбиоза во него и го трансформира.
Премиерата на „Venom: Let There Be Carnage“ е закажана за 24 септември.