Објавена мапа за развој на велосипедска стратегија, Македонија нема никаква

Европската велосипедска федерација завчера објави нов извештај за состојбата со националните велосипедски стратегии во европските земји, во време кога расте политичкиот интерес за возењето велосипед како одржлив и здрав начин на патување.

Педесет и четири земји од регионот се обврзаа во мај 2021 година да развијат и имплементираат национална стратегија до 2030 година. Анализирајќи ги податоците од 47 европски земји, се заклучува дека огромното мнозинство е далеку од постигнување на оваа цел.

„Националната стратегија е важен инструмент за развој на велосипедизмот во одредени земји. Ваквите стратегии одамна се присутни во европските земји кои традиционално се повеќе наклонети кон велосипедизмот, но во последниве години има напори од јужноевропските земји да го достигнат тој стандард. И додека сè уште има забележливо заостанување, особено во Источна Европа, постојат јасни знаци дека велосипедизмот се шири низ Европа“, рече Фабијан Кустер, директор за политика во Европската велосипедска федерација.

Од 47 анализирани земји, 13 во моментов имаат национална стратегија за развој на велосипедизмот, додека 10 имаат стратегии кои треба да се надградат. Во 2021 година, националната стратегија ја усвоија Белгија, Кипар, Германија и Шпанија, а уште пет земји се во процес на развој на сопствени стратегии.

За да се постигне целта за развој на стратегии до 2030 година, повеќето земји мора итно да започнат со процес на развој или надградба на националните стратегии, се вели во извештајот.

Федерацијата планира секоја година да објавува извештаи за следење на напредокот, спроведувањето и ефективноста на стратегиите до 2030 година.

Македонија нема национална велосипедска стратегија

Клучните точки во извештајот наведуваат дека вкупно 23 земји имаат или во еден момент имале национална стратегија за транспорт на велосипед. Во 10 земји, вклучувајќи ја и традиционалната велосипедска нација Данска, оваа стратегија е застарена. Пет земји во моментов развиваат национални стратегии, вклучувајќи ги Грција, Италија и Украина.

Деветнаесет земји, претежно од Балканот, Источна Европа и Кавказ, никогаш немале национална стратегија за развој на велосипедизмот и во моментов не развиваат. Во оваа група е вклучена и Македонија.

Класичните мерки во процесот на развивање ваква стратегија вклучуваат унапредување на комбинираниот транспорт, законски измени на прописите за патниот сообраќај и развој на национална мрежа на велосипедски рути.

Времетраењето на повеќето стратегии се совпаѓа со времетраењето на мандатите на владите што ги усвоиле, додека другите земји усвоиле стратегии за период од седум, десет или 25 години, се вели во извештајот на Европската велосипедска федерација.

Седум граѓански велосипедски организации од 7 градови во државата (Скопје, Битола, Прилеп, Гостивар, Тетово, Штип, Кочани), во март 2020 година испратија барање до политичките партии кои учествуваа планираните избори, за вклучување на визија и стратегија во нивната изборна програма за унапредување на велосипедскиот сообраќај во земја која важи за една со најнебезбеден моторен сообраќај во Европа, како и една од тие со најмногу жртви по глава на жител.

Дописот до партиите содржеше 9 клучни барања кои организациите изминатите недели интензивно ги комуницираа во јавноста преку нивната кампања „Црвени велолинии“, а за кои тие сметаа дека е исклучително важно да бидат вметнати во изборните програми како ветување и обврзување за искрени, сериозни и посветени заложби за подобрување и ублажување на овој проблем на национално ниво.

Ова беа барањата:

1. ДОНЕСУВАЊЕ ПРАВИЛНИК ЗА ПРОЕКТИРАЊЕ И ИЗГРАДБА НА ВЕЛОСИПЕДСКА ИНФРАСТРУКТУРА

Стандарди за велосипедска инфрастуктура на кои ќе може да се повикаат сите општини (во моментот постојат само за автомобили, но не и за велосипеди), стандарди кои ќе создадат безбедни, одржливи и мултимодални улици за 21-ви век, без импровизации.

2. ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ ЗА СИТЕ ПОГОЛЕМИ НАСЕЛЕНИ МЕСТА И НАЦИОНАЛЕН ФОНД ЗА ПОДДРШКА

Секое поголемо населено место мора да има план за унапредување на велосипедскиот сообраќај, но и посебен задолжителен буџет наменет за тоа. Владата да формира Фонд за финансиска и стручна поддршка.

3. МЕЃУГРАДСКИ ВЕЛОСИПЕДСКИ СООБРАЌАЈ И ВЕЛОСИПЕДСКИ ТУРИЗАМ

Уредување на велосипедски патеки со транспортна и туристичка функција помеѓу населени места и кон места кои имаат потенцијал за развој на туризмот, како и поврзување со соседните земји со безбедни велорути (Еуровело рутите и дополнителни).

4. МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ ДА ОВОЗМОЖАТ ПРЕВОЗ НА ТОЧАЦИ ВО ВОЗ

Како држава која претендира да биде членка на ЕУ, треба да се усогласиме со европските пракси, наскоро и обврски, по заложбите на Европската велосипедска федерација (ECF), која налага обезбедување на минимум 8 места за велосипеди во возовите кои оперираат на европско ниво, наместо забраната од Македонски железници.

5. ВИЗИЈА ЗА НУЛА ЖРТВИ ВО СООБРАЌАЈОТ

Прифаќање и признавање на системска, а не само индивидуална одговорност за (не)безбедноста и жртвите во сообраќајот, и спроведување на низа поврзани и осмислени мерки за достигнување на нула жртви (Vision Zero), концепт кој го спроведуваат сè повеќе држави и градови.

6. ОСЛОБОДЕНИ ТРОТОАРИ, ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ, ЈАВНИ ПОВРШИНИ

Спроведување на порестриктивна политика против окупирање на јавни површини и патеки на движење, наместо досегашната пракса на толерирање, како и формирање на комунална полиција, со цел овозможување на правото на слободно движење и создавање квалитетен јавен простор.

7. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПАРКИНЗИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ ВО СТАНБЕНИ, КОМЕРЦИЈАЛНИ, ЈАВНИ ОБЈЕКТИ

Да се пропише бројот и типот на задолжителен велосипедски паркинг за сите новоизградени објекти како мерка за стимулирање на велосипедот како превоз, а за веќе изградените објекти да се бараат решенија.

8. ВЕЛОСИПЕДОТ - ДЕЛ ОД ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС

Задолжителна теоретска настава за сообраќај и практично образование за управување со велосипед во училиштата. Мобилни училишни и трајни градски велополигони за децата и создавање вешти и одговорни учесници во сообраќајот на велосипед. Осовременување на програмата за автошколите за поодговорни идни возачи.

9. ЕДЕН ДЕН МЕСЕЧНО – ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ ВО ЦЕЛА ДРЖАВА

Денот без автомобили да не е само инцидентна парада, туку да ја рефлектира неговата поента во вистинска смисла на зборот, за граѓаните да бидат свесни за бенефитите од не-автомобилскиот превоз. Власта да покаже искрена заложба за јавното здравје во реализацијата и успешноста на овие денови.

Важноста на овие барања се потврдува и во фактичката состојба со безбедноста на сообраќајот во нашата земја, каде што Македонија е една од државите со најнебезбеден сообраќај во Европа, а познато е дека дизајнот на инфраструктурата е примарен фактор за безбедноста; стандардите и нормативите за планирање и проектирање на сообраќај се целосно автоцентрични и непроменети половина век. Немаме никакви стандарди за велосипедска и пешачка инфраструктура, а правилниците го фаворизираат автомобилот и големите брзини, наместо безбедноста. Дополнително, јавниот простор во нашите градови е целосно преплавен со автомобили. Правото на слободно движење на пешаците, луѓето со велосипед, луѓето со количка, родителите со деца во колички, сите граѓани е оневозможено, дури и загрозен им е животот, а граѓаните се изложени на големо загадување од штетни гасови, тврди честички и бучава кои потекнуваат од обемниот и брз автомобилски сообраќај.

Продолжете да читате >>> НаТочак реагираат: Што направила државата за да го помогне движењето со велосипед или тротинет?

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Македонија

Ванковска: Без директно соочување на противкандидатите мислам дека сите ќе бидеме посрамени

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Read more

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Read more
 

Вести

Ванковска: Без директно соочување на противкандидатите мислам дека сите ќе бидеме посрамени

Читај повеќе

Уапсен 26-годишник, се обидел да силува 68-годишна жена

Читај повеќе

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Читај повеќе
  • play_arrow

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Читај повеќе

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Читај повеќе
  • filter

Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Читај повеќе

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Читај повеќе

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило

Читај повеќе

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Читај повеќе