Љубителите на Изборот за песна на Евровизија може да почнат со одбројување до следното издание.
По нешто повеќе од еден месец откако беше соопштено дека следната година настанот ќе остане во Ротердам, сега се познати и датумите. Евросонг 2021 ќе се одржи на 18, 20 и 22 мај следната година, соопштија организаторите на музичкиот натпревар.
Првата и втората полуфинална вечер на 65. Евровизија ќе се одржат на 18 и 20 мај, а големото финале ќе се одржи во саботата на 22 мај, 2021 година. Се очекува дека настанот ќе се одржи во истата арена што беше предвидена за 2020 - Rotterdam Ahoy.
Останува иста и бината на која годинава требаше да настапат претставниците на земјите-учеснички.