Објавени два тома од Душан Стојковиќ за современата македонска книжевност

Книгоиздателството Арка од Смедерево објави два тома од професорот Душан Стојковиќ. Делата се посветени на автори и дела од сите генерации на современата македонска книжевност.

Ова книгоиздателството е предводено од поетот, критичар, антологичар и преведувач на редица македонски автори, Ристо Василевски, дописен член на МАНУ, кој живее во соседна Србија.

Како што соопшти издавачот, првиот том, „Поетските стебла на македонската лирика“, содржи 264 критички осврти и пообемни есеи за исто толку изданија на дела од македонски автори и на најважните антологии на македонската поезија што се објавени во Србија во текот на изминатите децении. Опфатени се осврти за поетските одлики на сите позначајни автори, почнувајќи од Кочо Рацин, Блаже Конески, Славко Јаневски, Ацо Шопов, Матеја Матевски, Гане Тодоровски, Анте Поповски, Влада Урошевиќ, Јован Котески, Радован Павловски, Петре М. Андреевски, Богомил Ѓузел. Застапени се и Светлана Христова-Јоциќ, Ристо Василевски, Михаил Ренџов, Ефтим Клетников, Атанас Вангелов, Тодор Чаловски, Ристо Лазаров, Санде Стојчевски, Веле Смилевски, Раде Силјан, па сѐ до Никола Маџиров, Лидија Димковска, Звонко Таневски, Јовица Ивановски и други.

Вториот том – „Македонската проза на српски јазик“, опфаќа критички согледувања за над 70 прозни дела од 35 македонски автори. Тоа се Блаже Конески, Славко Јаневски, Димитар Солев, Влада Урошевиќ, Живко Чинго, Петре М. Андреевски, Димитар Башевски, Божин Павловски, Слободан Мицковиќ, Оливера Николова, Митко Маџунков, Катица Ќулавкова, Александар Прокопиев, Томислав Османли, Јагода Михајловска Георгиева, Венко Андоновски, Блаже Миневски, Ермис Лафазановски, Гоце Смилевски, Румена Бужаровска и други, кои се објавени во Србија.

Двата тома од Душан Стојковиќ посветени на современата македонска литература имаат над 700 страници во Б-5 формат.

„Станува збор за повеќедецениско следење на речиси сите дела од македонски писатели објавени во превод на српски јазик во соседна Република Србија, за кои Стојковиќ пишувал во книжевната периодика и ги препорачувал на читателите во Србија, преку кои можат да се стекнат солидни информации за македонската книжевност, така што претставува значаен книжевен и културен настан, со оглед на тоа што слични вакви изданија се навистина ретки, а овде се работи за опфат од многу голем обем“, соопшти издавачот.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе