Објавени платите во Влада: Колку пари заработуваат Заев, Шекеринска, Груби?

Скопје, 22 јануари 2021 (МИА) – Владата на својата официјална веб-страница објави список со износот на платите на премиерот, вицепремиерите и министрите кои им биле исплатени за декември. Највисоки плати имаат премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Како дел од заложбите на Владата за поголема дигитална транспарентност, на оваа страница можете да ги проверите висините на платите на претседателот на Владата, замениците на претседателот на Владата и на министрите во Владата. Висината на платата на министрите е јавен податок, наведуваат од Владата во објавата.

Највисока нето плата зема премиерот Зоран Заев. Таа вкупно изнесува 87.813 денари. Премиерот е и меѓу првите пет со највисок стаж од 22 години. По премиерот, највисока плата има министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со вкупна нето плата од 85.113. Спасовски има работен стаж од 18 години.

Трета, според висината на платата е министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, чија плата изнесува 74.273 денари. Министерката има најдолг работен стаж во траење од 28 години.

По министерката Шахпаска, според податоците од Владата, следни по висина на плата се министерките за одбрана и за култура, Радмила Шекеринска и Ирена Стефоска. Шекеринска има плата од 72.989 денари, а Стефоска 72.670. Министерката за одбрана има работен стаж 24 години, а министерката за култура 23.

Следни на листата се вицепремиерите за европски и економски прашања, Никола Димитров и Фатмир Битиќи. Нивната плата е идентична и изнесува 71.385 денари. Двајцата вицепремиери имаат и ист работен стаж од 19 години.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби зема плата од 70.102 денари. Вицепремиерот има 15 години работен стаж.

Најниски плати во Владата имаат министрерот за животна средина Насер Нуредини – 65.612 денари и министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири 65.292 денари.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more
 

Вести

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе