ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА И ОХРИДСКА БАНКА СПОЕНИ ВО ЕДНА БАНКА

Објавени првите придобивки за клиентите на интегрираната Шпаркасе Банка Македонија

Со упис на статусната промена – присоединување, и официјално заврши процесот на присоединување на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје. Со ова, интегрираната Шпаркасе Банка Македонија АД – Скопје, станува дел од групата големи банки заземајќи ја 4-тата позиција на банкарскиот пазар.

Со успешната завршница на процесот на присоединување, Шпаркасе Банка Македонија ја прошири својата клиентска база и го зголеми пазарниот удел на 13,4% во сегментот население и 15,1% во сегментот корпоративни клиенти. Уделот на банката на девизниот пазар ќе изнесува 25%. Шпаркасе е депозитарна банка на околу 50% од вкупните средства и извршува 40% од тргувањето со хартии од вредност на меѓународни пазари. Интегрираната Шпаркасе Банка Македонија, сега веќе опслужува повеќе од 140.000 клиенти во земјата, преку 35 експозитури и широка мрежа на банкомати на приближно 100 локации ширум државата.

Со вкупна актива од 1,15 милијарди евра Шпаркасе Банка Македонија се позиционираше во рангот на големите банки на пазарот како број еден во сегментот депозитарна банка, број два во корпоративниот сегмент и број три во сегментот население, нудејќи им на своите клиенти атрактивни производи и услуги, како и експертиза што доаѓа од Ерсте Групацијата и Шпаркасе.

„Во изминатите две години бевме посветени на градење една поуспешна банка на пазарот со пошироки перспективи за понатамошен развој и креиравме одржливи вредности за нашите клиенти и акционери. Задоволен сум што го зголемивме нашето присуство во Северна Македонија за речиси трипати и станавме референтна банкарска групација во земјата. Заедно со силата на Ерсте Групацијата, наша цел е да го зголемиме нашиот придонес уште повеќе во следните неколку години. Ние го гледаме Западниот Балкан и Северна Македонија како регион со многу висок потенцијал за раст и презедовме уште еден чекор во вистинската насока што се покажа со позитивниот исход на проектот на интеграција“, изјави Георг Бухер, член на Управниот одбор на Штаермеркише Шпаркасе и претседател на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија.

„Денес со задоволство можам да констатирам дека Охридска и Шпаркaсе банка се една банка: Шпаркасе банка Македонија. Тоа е банка во која секое трето семејство во Македонија има сметка, во која повеќе од 2/3 од присутните мултинационални компании ги вршат своите трансакции и сме водечки во проектното финансирање и во поддршката на растот и развојот на македонската економија. Ќе делуваме како финансиски супермаркет, каде што секој ќе може да ги задоволи своите потреби и да го избере она што му е најпотребно и му носи додадена вредност. Нашата посветеност да ги разбираме и да ги опслужуваме клиентите ќе биде во фокусот на нашето работење. Со уште поголем и професионален тим и поголема достапност на нашите услуги ќе продолжиме да градиме уште помодерна и помоќна Шпаркасе банка Македонија. Ќе продолжиме да бидеме банка од доверба, која е препознатлив партнер на македонските економски субјекти. Ќе останеме хумана банка, која се грижи за вработените, за клиентите, за животната средина и за општеството. Заедно ќе ги дизајнираме проектите, ќе бидеме отворени за иновативни идеи и решенија, кои ја динамизираат македонската економија. Заедно можеме повеќе!“, изјави  Глигор Бишев, главен извршен директор и претседател на УО на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

Во изминатиот период на присоединувањето, а особено сега по неговото завршување, остануваат во фокусот потребите на нашите клиенти и грижата за нивниот напредок и остварување на заедничките цели. Нашиот проширен стручен тим е достапен за поддршка и за советување на клиентите преку експозитурите на Банката, како и во корпоративниот центар за опслужување и поддршка на клиентите во централата во Скопје.

Следејќи ги современите трендови на банкарскиот модел на работење во Ерсте Групацијата и Шпаркасе, Шпаркасе Банка Македонија веќе од почетокот на годината го воведе новиот модел на експозитура, кој е направен според највисоките стандарди за безбедност и заштита при работа, со висококвалитетни материјали, кои освен со својот модерен дизајн, овозможуваат и заштеда на топлинска и на електрична енергија. Од минатата недела започна со работа експозитурата Центар во Скопје, како прва прототип експозитура со 24/7 зона во која клиентите ќе можат да ги извршат потребните банкарски услуги (плаќање редовни обврски кон Банката, плаќање режиски трошоци, вршење уплата на готовина и менувачница на странски валути). Локациите на експозитурите се распоредени во сите поголеми градови низ државата и се достапни за клиентите секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот и во сабота на одредени локации. За полесно пронаоѓање на најблиската локација Банката овозможи уште една дополнителна функционалност „Локатор на експозитури и АТМ“ преку апликацијата Sparky Viber Chatbot достапна на следниот линк.

Во сегментот население Банката веќе се издвои на пазарот со единствена најдолго гарантирана каматна стапка за потрошувачки кредит, фиксна за првите 8 години, со што нуди стабилност и финансиска извесност за своите клиенти. Водејќи се од определбата за постојано подобрување и унапредување на производите и на услугите, а со цел исполнување на очекувањата на клиентите, Банката создаде најразлични понуди, кои во периодот што следува ќе можат да ги користат сите нови и постојни клиенти.

Преку поврзаноста со другите банки-ќерки во Ерсте Групацијата и Шпаркасе, придобивките за корпоративните клиенти се видливи во повеќе аспекти, во делот на финансирање поголеми проекти од сопствени средства или од фондови за посебни програми за унапредување на конкурентноста на компаниите и нивниот развој за настап на европските пазари. Предностите што корпоративните клиенти ќе ги искусат, ќе бидат и во поглед на платниот промет во земјата и со странство преку кореспондентската банкарска мрежа на Ерсте Групацијата и Шпаркасе. Интегрираната Шпаркасе Банка Македонија ќе има значајно учество и видливост на пазарот и преку понудата на широк спектар инвестициски услуги за тргување со хартии од вредност, осигурителни, лизинг и готовински услуги.

За сите новитети и понуди на Шпаркасе Банка Македонија клиентите можат да се информираат преку веб-страницата на Банката www.sparkasse.mk, како и преку Контакт центарот на телефонскиот број 02/15 050, кој е достапен секој работен ден од 8:00 до 18:00 часот.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Бизнис

Раст на Волстрит по три дена пад

Read more

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во Cevahir Mall во Скопје

Read more

Доларот зајакна, цената на нафтата падна

Read more

Шефот на Boeing поднесе оставка поради безбедносната криза во компанијата

Read more
 

Вести

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во Cevahir Mall во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Коле Ангеловски: Театрите се распаѓаат, а ние финансираме фестивали во други држави

Читај повеќе