Објавено видео на кое Роналдо урла по играчите на Јуве: Играме како го*на

Незадоволен од изданието на играчите на Јувентус, Кристијано Роналдо урла по нив во соблекувална на полувреме од натпревар во Лигата на шампионите.

Една од главните причини поради кои Роналдо си замина од Јувентус беше некомпетентноста на тимот во Лигата на шампионите, натпреварување кое за Португалецот е најважно од сите клупски натпреварувања.

На видеото Роналдо бесен влегува во совлекувалната и почнува да урла кон соиграчите: „Играме како гомна!“ на италијанско-шпански со португалски акцент.

„Не играме ништо! Ништо! Гомна! Играме како гомна! Секогаш. Вклучително и јас!“, вика разочараниот Роналдо.

„Треба да бидеш пример за сите!“, со прстот вперен кон него му враќа Хуан Куадрадо.

„И јас се вклучувам! Не играме ништо, треба да се каже вистината! Па ова е натпревар од Лигата на шампионите! Треба да се има карактер“, враќа вознемирениот Роналдо.

Потоа дискусијата ја прекинува тренерот Андреа Пирло: „Доста, ајде! Доста Кри, доста Хуан!“.

Сцената е од полувремето од натпреварот Јувентус - Порто, реванш од осминафиналето кој се играше минатата сезона. Името, Порто победи со 2:1 на првиот натпревар, а потоа во Торино успеа на полувреме да замине со водство од 0:1. Затоа Роналдо е бесен, наместо Јуве да ја надокнади негативата, имаше нова негатива. По паузата со двата гола на Кјеза Јувентус дојде до 2:1 и продолженија, во кои двата тима постигнаа уште по еден гол за конечни 3:2 за Јуве, но целокупна победа на Порто поради повеќе голови на гостински терен. Така, Роналдо и „Старата дама“ уште еднаш прерано испаднаа од Лигата на шампионите.

Роналдо летово на крајот од преодниот рок го напушти Јувентус враќајќи се во Манчестер Јунајтед.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе