Обожавателите разочарани од новиот филм за Дејвид Боуви
Дејвид Боуви почина пред скоро 5 години, оставајќи зад себе живот исполнет со неверојатна музика и уникатен стил. Тој е легенда која заслужува биографски филм за неговиот живот и кариерата. Но, за жал новиот филм „Stardust“ со Џони Флин во главната улога не ги одушеви обожавателите.
Објавен е првиот трејлер за филмот и на прв поглед изгледа како очаен обид да се долови животот на легендарниот музичар. Прво што забележаа обожавателите е дека Џони Флин воопшто не изгледа како Дејвид Боуви. Уште полошо е што пејачот е сосема лошо доловен, а не може да ги слушнете ни неговите песни во филмот, бидејќи на творците на овој проект им е забрането да ја користат музиката на Боуви.