ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020

ОБСЕ/ОДИХР: Изборите генерално добро спроведени

Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија беа добро организирани и покрај пандемијата, но правната сигурност остава простор за загриженост. Денот на гласање помина мирно и покрај одредени технички предизвици поврзани со известувањето за резултатите, се наведува во прелиминарната оценка за изборите на меѓународниот набљудувачки тим на ОБСЕ/ОДИХР.

Во прелиминарниот извештај се наведува дека изборите беа генерално добро спроведени и кандидатите можеа слободно да водат изборна кампања, но правната сигурност беше поткопана поради значајни промени на законската рамка и последователните владини уредби со законска сила.

– Ова се многу предизвикувачки времиња за одржување избори и ги препознаваме напорите на властите да се прилагодат на новите околности. Сепак, постојат неразјаснети прашања околу Изборниот законик, и процеси кои често доведуваа до политички договори во последен миг. Властите треба да посветат сериозно внимание на овие прашања пред одржување на следите избори, рече шефот на ОДИХР специјалната мисија за проценка на изборите Лаима Андрикиене.

На новинарско прашање таа појасни дека прифатлива временска рамка за вакви промени во изборната легислатива би била најмалку една година пред одржување на изборите.

– Изборната администација ја заврши својата работа во рамки на законските рокови и покрај компликациите предизвикани од суспендирањето на изборниот процес. Денот на гласање помина мирно и покрај одредени технички предизвици поврзани со известувањето за резултатите. Сепак, долгогодишните структурни прашања поврзани со составувањето на избирачкиот список останаа неадресирани, посочи таа.

Како што подвлече, законската рамка беше суштински изменета непосредно пред распишување на изборите, што, истакна, е спротивно на меѓунаодните добри практики. Додаде дека континуираните неконзистентности и двосмислени формулации ја поткопуваат правната сигурност и се уште им е потребна суштинска ревизија.

На прашањето да го искоментира вчерашниот пад на системот на Државната изборна комисија (ДИК), Андрикиене рече дека тоа е многу важно прашање, тие ги следат настаните, свесни за техничките потешкотии и ќе продолжат да ја следат ситуацијата.

Во однос на медиумската покриеност, шефот на Мисијата истакна дека кандидатите имаа можност вистински да се натпреваруваат и да ги пренесат пораките иако кампањата се карактеризираше со негативна реторика на сметка на суштински дискусии за политики.

– На медумското извесување за изборите генерално му недостасуваше критичка анализа на платформите, а правилата за политичко рекламирање ги фаворизираа трите најголеми политички партии, истакна таа.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР ќе остане да го следи развојот на настаните по денот на изборите по однос на поплаките и жалбите од страна на политиките партии и ќе остане во земјава согласно мандатот што истекува на 23 јули.

Мисијата ги следеше сите аспекти на изборниот процес. Основниот тим на ОДИХР го сочинуваа девет члена од девет земји-учеснички во ОБСЕ, а на денот на изборите имаа акредитирано 26 набљудувачи, во кои спаѓаат меѓународните експерти и националниот персонал за поддршка.

Конечен извештај со заклучоци и потенцијални препораки, како што најави и во предизборното интервју за МИА, шефицата на Мисијата, Андрикиене, ќе биде објавен околу осум недели по денот на изборите.

Тагови
реклама

Новиот играч на Јувентус полни батерии на Охридското Езеро

Read more

Скопјанец организирал фудбалски турнир непочитувајќи ги мерките за заштита од COVID-19

Read more

Чеферин: Во иднина нема да се повтори Ф8 форматот

Read more

Малку допири, многу уживање: Идеална секс поза за летните денови

Read more

Македонија

Бројот на новозаболени од COVID-19 дневно сè уште трицифрен

Read more

Сончево и топло со мала до умерена облачност

Read more

Земјотрес регистриран во пехчевското епицентрално подрачје

Read more

Пендаровски: Мое е да го дадам мандатот, на мандатарот е да покаже дека има мнозинство во Собранието

Read more

Вести

Убиство во Инџиково, скопјанец убиен од две маскирани лица

Читај повеќе

Казна за 470 лица за неносење маска во изминатото деноноќие

Читај повеќе

Од почетокот на пандемијата во светот починаа над 750.000 луѓе

Читај повеќе

Запалени две возила на ЕВН во Тетово

Читај повеќе

Бројот на новозаболени од COVID-19 дневно сè уште трицифрен

Читај повеќе

Сончево и топло со мала до умерена облачност

Читај повеќе

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Земјотрес регистриран во пехчевското епицентрално подрачје

Читај повеќе

Пендаровски: Мое е да го дадам мандатот, на мандатарот е да покаже дека има мнозинство во Собранието

Читај повеќе