Обвинение против 4 лица за предизвикување омраза

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката и до надлежниот суд поднесе обвиненија против вкупно 4 лица кои во различни настани во изминатите денови извршиле дејствија кои содржат елементи на кривичното дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 став 1 од Кривичниот законик. За четворицата на кои во текот на претходната постапка им беше определен притвор, јавните обвинители побараа од Основниот кривичен суд Скопје да им ја продолжи притворската мерка.

Тројца од обвинетите на 28 ноември, по повод прославите на Денот на албанското знаме, со палење, уништување и кинење на државното знаме на Република Северна Македонија предизвикале чувства на омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност и го изложиле на подбив националниот симбол. Четвртиот обвинет, неколку дена подоцна, на 2 декември, со палење го оштетил знамето на друга држава – Република Албанија, со што исто така предизвикал омраза и нетрпеливост.

Дејствијата на сите обвинети предизвикале говор на омраза што на критичните денови се манифестирал особено на социјалните мрежи со тенденција да прерасне во нови инциденти на насилство.

реклама

Создадете беспрекорно чисто опкружување со ново ниво на хигиената дома

Read more

Никол Шерзингер отпатува на Хаваи, позираше во бикини и покажа завидна фигура

Read more

Од имиграција до пол: Што потпиша Доналд Трамп во првите часови од неговиот мандат

Read more

Социјалните мрежи преполни со поздравот на Маск

Read more

Хроника

Трагедија во Делчевско: Се запали куќа, загина 37-годишен маж

Read more

Пожар во старечки дом во Кавадаречко, се евакуираат лицата сместени во објектот

Read more

30-дневен притвор за Раде Трајковски-Штекли и за уште 9 лица

Read more

Финансиската полиција со кривични пријави против 3 физички и 2 правни лица: Ги фалсификувале и уништувале деловните книги

Read more
 

Вести

ССМ: И со намалени цени минималната кошничка за јануари е поголема за 391 денар

Читај повеќе

Русија до Америка: Не ни помислувајте да го преземете Панамскиот Канал

Читај повеќе
  • play_arrow

Гори хотел во ски-центар во Турција: Најмалку 66 мртви, луѓе скокаат од прозорците

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: Законот за двојазични лиценци не е наивен, ВМРО-ДПМНЕ ја спроведува тиранската платформа

Читај повеќе

ВЛЕН: Она што ДУИ не го направи 20 години, ние го правиме во првата година од владеењето

Читај повеќе

Најскапата фотка во историјата е направена на инаугурацијата на Трамп - вреди 900 милијарди долари

Читај повеќе

Речиси 170 жени годишно заболуваат од рак на грлото на матката во Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Маск се огласи за обвинувањата дека извел нацистички поздрав: Им требаат подобри валкани трикови

Читај повеќе
  • play_arrow

Социјалните мрежи преполни со поздравот на Маск

Читај повеќе