Oбвинение за 13 лица за вооружениот инцидент во Мала Речица

Скопје, 23 мај 2018 (МИА) - Основното јавно обвинителство Тетово поднесе обвинение против 13 лица за учество во вооружениот инцидент во Мала Речица, што се случи на 5 април годинава, во кој едно лице го загуби животот, а неколкумина беа повредени.

„Против четири лица е поднесен обвинителен акт со предлог за продолжување на мерката притвор, со кој едно лице се товари за кривични дела „убиство“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од Кривичниот законик. Три лица се товарат за кривични дела „убиство во обид“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од Кривичниот законик“, соопшти Јавното обвинителство.

Надлежен јавен обвинител до Основниот суд Тетово предложи на тројцата обвинети кои се лишени од слобода, како и на еден обвинет кој и натаму е во бегство да им биде продолжен притворот до правосилноста на пресудата против нив.

Против останатите девет лица тетовското Обвинителство поднесе обвинителен предлог со кој сите се товарат за кривично дело „учество во тепачка“ од Кривичниот законик. За осуммина обвинети, надлежен јавен обвинител до Основниот суд Тетово достави предлог за определување мерки на претпазливост, додека за едно лице предложи определување мерка притвор до правосилност на пресудата, бидејќи станува збор за државјанин на Република Албанија.

„Во текот на истрагата, јавниот обвинител утврди дека обвинетите лица биле дел од две меѓусебно спротивставени групи, кои по претходен договор и заради претходна меѓусебна нетрпеливост, со возила дошле на местото на инцидентот во Мала Речица. Петмина, меѓу кои и починатото лице, биле вооружени со пиштоли, по што дошло до меѓусебна вербална расправија која прераснала во тепачка и употреба на огнено оружје. Освен пиштоли, во тепачката биле користени бејзбол палки, секира, нож и други предмети“, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Обвинението на Основното јавно обвинителство Тетово​ е поткрепено со прибран опсежен доказен материјал, резултати од поголем број вештачења, анализи на траги од оружје и траги од биолошко потекло, како и обезбедени видео записи од надзорни камери.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе