Очекувањата на инвеститорите на најниско ниво во последните 20 години

Превирањата во американскиот банкарски систем и зголемените стравови од рецесија ја турнаа довербата на глобалните инвеститори на едно од најниските нивоа во последните 20 години, покажува истражувањето на инвестициската банка BofA.

Месечното истражување по колапсот на SVB и Signature Bank и пред минатонеделното спасување на Credit Suisse покажа дека перцепцијата за нивоата на ризик драстично се влошила.

Индикаторот за ризик на финансискиот пазар на BofA за нивоата на загриженост на инвеститорите скокна на 7,7, што го става малку под минатогодишното ниво по почетокот на руско-украинската војна и над нивоата во екот на глобалната финансиска криза и пандемијата. Менаџерите на европските фондови се особено песимисти.

Слични заклучоци и во други истражувања

Иако истражувањето е склучено пред проблемите во Credit Suisse, речиси една третина од нив сметаат дека сегашниот најголем ризик за пазарот е системската кредитна криза.

Во анкетата во февруари, уделот на оние кои очекуваа ваква криза изнесуваше само осум отсто, што значи дека евентуална кредитна криза првпат по девет месеци ја измести инфлацијата од првото место. Испитаниците го наведоа неформалниот банкарски сектор во САД како најверојатен извор на опасност.

Други студии дошле до слични заклучоци. Во Германија, месечното истражување на институтот за економски истражувања ZEW покажа нагло влошување на расположението на инвеститорите. „Меѓународните финансиски пазари се под силен притисок, а високото ниво на неизвесност се прелева на економските очекувања“, рече претседателот на ZEW, Ахим Вамбах.

42 отсто од менаџерите очекуваат глобална рецесија

Истражувањето на BofA покажа дека инвеститорите повторно се повеќе се плашат од рецесија и стагфлација. Нешто повеќе од половина од анкетираните менаџери на глобално ниво очекуваат послаб раст на светската економија. Иако 84 отсто од нив предвидуваат слабеење на инфлацијата, 88 отсто сметаат дека во следните 12 месеци најверојатното макроекономско сценарио е стагфлација, односно анемичен раст и висока инфлација.

Меѓу менаџерите на европските фондови, 61 отсто очекуваат рецесија во Европа во следната година, додека 55 отсто очекуваат таков исход во февруари. 42 отсто од менаџерите очекуваат глобална рецесија, речиси двојно повеќе отколку во февруари.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Бизнис

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Read more

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Read more

Раст на Волстрит по три дена пад

Read more

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во Cevahir Mall во Скопје

Read more
 

Вести

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе