Од денес нема пречки за операции во хируршките сали во Клинички центар, официјално е пуштена во употреба новата компресорска станица

По десетдневно тестирање, министерот за здравство Арбен Таравари денеска извести дека официјално е пуштена во употреба новата компресорска станица за хируршките сали во Клиничкиот центар. Хируршките сали беа затворени во мај минатата година, откога се појави силна смрдеа во дистрибутивната мрежа за кислород и компримиран воздух.

„Денес посебна чест ми е да најавам дека компресорската станица веќе функционира. Имаме три нови компресори, комплетно нова инсталација За среќа тука е и стариот компресор кој ќе стои кака бекап за евентуално да не ни се повтори ваков проблем. Решаваме проблеми кои ги наследивме. Со новата компресорска станица се покриени сите 18 хируршки сали на Хирургија, исто така салите во ОРЛ и Офталмологија и максилофацијална хирургија. Комплетниот систем е тестиран 10 дена, сѐ функционира како што треба и од денес веќе и официјално се користи“, рече министерот Таравари.

Станицата е подготвена на неа да се приклучат и други клиники доколку за тоа има потреба. Таравари вели дека за тоа е потребна само нова инсталација за поврзување.

Хируршките сали на Клиничкиот центар беа затворени на 22 мај лани поради смрдеата што се рашири од дистрибутивната мрежа за кислород и компримиран воздух. Министерот за здравство во тогашната техничка влада, Илир Демири, извести дека примероци од гасот веднаш биле испратени на анализа во Германија, која треба да покаже зошто има лоша миризба. На анализата се чекаше речиси три месеци, а во меѓувреме беше избрана новата Влада. Сегашниот министер за здравство, Таравари, извести дека анализата покажала дека во системот за кислород и компримиран воздух во Клиничкиот центар имало мала концентрација формалдехид. Пациентите и вработените се жалеа на силна смрдеа, печење во очите, носот и грлото, симптоми идентични на оние предизвикани по изложување на формалдехид.

Хируршките сали летово функционираа со намален капацитет, а работеа со надворешни компресори. Потешките операции се правеа во ГОБ „8 Септември“ и поранешната градска болница „Св. Наум Охридски“.

реклама

Изгласана недоверба на делегатите на УСС УКИМ

Read more

Не се јајца: Нутриционист откри кој е најздравиот појадок

Read more

Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Read more

Митева: Во Скопје само 2 објекта од вкупно 13 имаат важечка лиценца за кабаре

Read more

Македонија

АВМУ: Медиумите да не прават сензација од известувањето за погребите на жртвите во пожарот во Кочани

Read more

Адвокатот Марјан Витановски се откажа од одбраната на Љупчо Палевски Палчо

Read more

Добра вест е што поминаа критичните 72 часа и не почина ниту еден од преживеаните, рече Таравари

Read more

Андреј и Сара од ДНК ќе бидат погребани утре во Скопје

Read more
 

Вести

Middle East Eye: Емиратите тајно лобираат за раселување на Палестинците од Газа

Читај повеќе

АВМУ: Медиумите да не прават сензација од известувањето за погребите на жртвите во пожарот во Кочани

Читај повеќе

Адвокатот Марјан Витановски се откажа од одбраната на Љупчо Палевски Палчо

Читај повеќе

Добра вест е што поминаа критичните 72 часа и не почина ниту еден од преживеаните, рече Таравари

Читај повеќе

Приведен сопственик на ноќен клуб од Куманово, пронајдени пиротехнички средства

Читај повеќе

ЕУ денеска ќе го објави планот за спротивставување на Русија

Читај повеќе
  • play_arrow

Српскиот министер призна дека полицијата има звучен топ

Читај повеќе

Андреј и Сара од ДНК ќе бидат погребани утре во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Трамп ги објави документите за атентатот на Џон Кенеди

Читај повеќе