Од денеска нови правила за влез во Грција преку Промахонас

Атина, 15 јули 2020 (МИА) – За туристите од земјите за кои е дозволено патување во Грција, а кои од граничниот премин Промахонас (Кулата) планираат да влезат кај јужниот сосед, од денеска важат нови правила, односно задолжителна е потврда на англиски јазик за негативен тест за COVID-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Откако во изминатиот период беше зголемен бројот на позитивни „увезени“ случаи, особено од конкретниот граничен премин со Бугарија, што воедно е и единствениот отворен за туристи, грчката Влада, во петокот донесе одлука за воведување дополнителни мерки.

Туристите ќе треба во период од 72 часа пред патувањето да имаат направено молекуларен тест PCR во државна или приватна лабораторија, сертифицирана од надлежната служба на земјата, а резултатот да биде негативен.

Во потврдата на англиски јазик, треба да бидат вклучени име и презиме, број на пасош или лична карта.

Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас, на редовниот брифинг со новинарите во понеделникот истакна дека потврдите детално ќе се проверуваат, а во случај на „неавтентичен, фалсификуван документ ќе се воведат предвидените санкции”.

Сите туристи, независно од начинот на кој пристигнуваат во Грција, потребно е да го имаат пополнето и специјалниот образец PLF (Passenger Locator Form), преку интернет страницата https://travel.gov.gr, најдоцна претходниот ден пред патувањето, а не во период од 48 часа како што важеше претходно.

Паралелно, од денеска, стапува во сила уште една одлука на официјална Атина – дозволени се директните летови од Велика Британија кон Грција.

Пецас во понеделникот објасни дека во периодот од 1 до 11 јули на влезните точки во земјата биле направени 67.797 тестови, од кои 218 (0,35 отсто) биле позитивни, но бројот на туристи заразени со Ковид-19 бил четири пати поголем на Промахонас,отколку на пример, на атинскиот аеродром.

Националната организација за јавно здравје на Грција вчера соопшти за 58 нови случаи на COVID-19, од кои 28 се по направените тестови на влезните точки во земјата, додека, пак, уште шест позитивни случаи се кај туристи, но кои доброволно се тестирале за време на нивниот престој во земјата.

Од почетокот на епидемијата во Грција се регистрирани вкупно 3.883 случаи на COVID-19.

реклама

Потресна снимка од Бејрут: Невеста позира во венчаница во момент на експлозијата

Read more

Што е амониум нитрат – соединението што наводно го крена Бејрут во воздух?

Read more

Цистерната „темпирана бомба“ во ОХИС ќе се изнесе од државата

Read more

Ќерката на Михаел Шумахер е иста како него

Read more

Регион

Грција: Можни се локални карантини, нема отворање на границите за други земји

Read more

Во Словенија лекуваат COVID-19 со редесивир, фавипивавир и дексаметазон

Read more

Борисов: Ќе понудам опција за повлекување, подготвен сум да заминам во секое време

Read more

Зголемен бројот на новозаразени во Грција, рекорден во Албанија

Read more

Вести

Се отвора Центар за дејствување во услови на епидемии и други јавно-здравствени вонредни ситуации

Читај повеќе

Малолетничка уценувана и во повеќе наврати силувана од 24-годишен маж

Читај повеќе

Штипските родители ослободени од сметките за градинка за изминатите пет месеци

Читај повеќе

Србин нелегално влегол и престојувал во земјава без негативен ПЦР тест

Читај повеќе

Во Северна Кореја поради страв од коронавирусот во карантин скоро 4.000 луѓе

Читај повеќе
  • play_arrow

Експлозијата во Бејрут не е либанска Хирошима, туку Чернобил

Читај повеќе

Дневен ковид биланс: 113 нови случаи, шест починати и 259 оздравени пациенти

Читај повеќе
  • play_arrow

Бејрут и цел Либан со децении влегуваат од една криза во друга

Читај повеќе

Дескоска: Деловникот од 2008 година беше мотивиран од лични интереси на „владетелите“ од тоа време

Читај повеќе