Од денеска забранет извозот на пченица, јачмен, пченка и брашно, државните резерви се полни

Скопје, 11 март 2022 (МИА) – Од денеска е забранет извозот на пченица, јачмен, пченка, пченично брашно, семе од сончеглед и  сончогледови масла, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши.

Одлуката за забрана ја донесе Владата и ќе трае во наредните десет дена, а нејзината цел, како што напомена Бектеши, е да се избегнат шпекулативни дејства на трговците и производителите, заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните.

– Одлуката се носи превентивно за да не настанат поглеми нарушувања на пазарот. Целта на мерката е заштита на домашниот пазар и на граѓаните. Во услови на постпандемија кога се соочуваме со најголемата економска криза во поново време, граѓаните треба да знаат дека Владата е посветена на намалување на негативните пооследици, потенцира министерот.

Тој апелира до сите економски чинители дека сега е вистинско време да се покаже разбирање и да се придонесе за намалување на негативните последици од кризата.

Бектеши уште еднаш порача граѓаните да бидат мирни и да не стравуваат зашрто државни резерви има.

– Им гарантирам на граѓаните дека државните резерви се стабилни и дека има доволно залихи пченица и пченка за покривање на домашните потреби. Секако, ако се појави потреба, државата е подготвена за дополнување на резервите, но засега за тоа нема потреба. Граѓаните да не потклекнуваат на шпекулации и да не се грижат, рече Бектеши.

Министерот од прес-конференцијата во Владата ги повика пратениците уште еднаш, итно да ги донесат законските измени за акцизите и ДДВ-то што беа доставени вчера до Собранието.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Read more

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе