Од играчка-плачка: 10-годишниот син на Бен Афлек му го „лупна“ луксузното Lamborghini

Бен Афлек на малку потежок начин научи дека 10-годишниците не треба да седат зад воланот на автомобил.

10-годишниот син на Бен Афлек, Семјуел, отишол со татко му и неговата девојка Џенифер Лопез во продавница за луксузни автомобили.

Актерот во еден момент му дозволил на својот син да седне на возачкото седиште додека работел моторот на неговото жолто Lamborghini.

Додека седел зад воланот, Семјуел го ставил возилото во „рикверц“ и удрил во предниот дел на бело BMW паркирано зад него. Момчето било на возачкото седиште со отворена врата, додека Афлек бил меѓу вратата и возачкото седиште, а Лопез седела зад Самуел на возачката страна. По контакт со друго возило, Афлек отишол да види што се случило, а од автомобилот излегол и неговиот син.

Кога утврдиле дека штетата не е страшна, актерот го гушнал синот додека Џенифер го држела за рака и си заминале. Портпаролот на познатиот актер за TMZ изјави дека нема штета и дека двете страни се задоволни и дека нема никакви проблеми.

Семјуел е најмалото дете на Бен Афлек и поранешната сопруга Џенифер Гарнер, а заедно имаат и две ќерки - тринаесетгодишната Серафина и шеснаесетгодишната Вајолет.

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Филм & ТВ

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Read more

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Read more

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Read more

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе
  • filter

„Кралицата на ботоксот“ позираше во долна облека за магазинот Elle

Читај повеќе