Од канцеларија до кеј – компаниите покажаа спортски дух во Скопје Croatia Osiguruvanje Business Run 5K

КАЈГАНА
/ 13.06.2025 / 14:05

На 12 јуни, со почеток во 18:00 часот, на кејот пред болницата Acibadem Sistina, беше успешно одржано првото издание на Croatia Osiguruvanje Business Run 5K – нов и енергичен тим-билдинг настан во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до Врв“.

Ова претставува најмасовниот корпоративен спортски настан во Македонија, кој собра повеќе од 45 компании од најразлични индустрии: финансии, ИТ, телекомуникации, фармација, логистика, производство, јавни институции, дипломатски мисии и невладини организации. Трката се одвиваше по патека од 5 километри покрај реката Вардар, каде учесниците уживаа во спортска атмосфера исполнета со тимски дух, забава и позитивна енергија.

Настанот е дел од Adria Corporate Run League, регионална иницијатива што ги поврзува корпоративните заедници од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска. Победничкиот тим од Скопје ќе ја претставува Македонија на големото регионално финале.

Во пресрет на стартот, учесниците ги поздрави г-а Катерина Јордановска Манева од Croatia Осигурување, која го истакна значењето на вложувањето во здравјето и добросостојбата на вработените. Загревањето го водеше фитнес инструкторката Ангела Јованоска Конески од Premium Sport Center.

Најбрзите три тима во трката беа:

  • Халкбанк со време од 58:40 минути,
  • Комерцијална банка со време од 1:00:14,
  • Шпаркасе банка со време од 1:06:49.

Во индивидуалната конкуренција, титулата најбрза учесничка ѝ припадна на Снежана Димовска од Комерцијална банка со време од 22:23, додека најбрз учесник беше Мартин Дамески од Халкбанк со 17:22 минути.

Целосните резултати од трката се достапни на: www.prvdovrv.mk/business5k

По трката, сите учесници уживаа во одлична забава на отворено со бендот The Ringtones и DJ Vito, кои приредија енергичен музички настап. Атмосферата беше полна со позитивна енергија, дружење и насмевки, а учесниците се освежија и засладија со вкусен оброк и пијалаци. Вистинска after-run забава која ќе се памети!

Овој настан понуди повеќе од само трка – беше вистинска платформа за вмрежување, тимска мотивација и промоција на здрави животни навики. Со овој настан, компаниите добија уникатна можност да изградат поцврсти тимски релации, надвор од канцеларискиот контекст.

реклама

Џака со погрешно знаме го честиташе Денот на независноста на Косово 

Read more

Како ќе напикаат 1.750 паркинг места кај поранешната Печатница на Нова Македонија?

Read more

На 17 февруари почна нова златна доба за три хороскопски знаци

Read more

Илон Маск го запали интернетот: Програмирањето какво што го знаеме ќе исчезне до крајот на 2026-та

Read more
 

Ново

Филипе Кутињо го напушта матичниот клуб откако навивачите го исвиркаа

Читај повеќе

Проверете се: Дали се обидувате да го превоспитате партнерот?

Читај повеќе

Авокадо за појадок, ручек или вечера: Кога е најкорисно?

Читај повеќе

Шефот на Mistral AI: Вештачката интелигенција ќе замени половина од деловниот софтвер

Читај повеќе

Русите им нудат на Американците економско „Ел Дорадо“

Читај повеќе

Полнење електрични автомобили: Зошто 80% е подобро од 100%?

Читај повеќе

Веднаш ажурирајте го Google Chrome 

Читај повеќе

Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува

Читај повеќе

Сателитски снимки откриваат: Иран гради бетонски штитови на воени локации

Читај повеќе