Од непожелен до голгетер: Необичната приказна на Крис Вуд

Крус Вуд е играчот изненадување сезонава во англиската Премиер лига.

Кариерата ја почна во родниот Нов Зеланд каде играше за Кембриџ, Хамилтон Вондерерс и Ваикато пред во 2009 година да се пресели на Островот во редовите на Вест Бромвич Албион.

Таму се изнамачи. Пред доаѓањето во Нотингем Форест играше за 11 различни клубови и 7 пати беше праќан на позајмици, едноставно тој каде и да отидеше за кратко стануваше непожелен.

Играч кој беше продаден од Вест Бромвич Албион во Лестер Сити за само 1 милион фунти затоа што неговиот тренер рече дека е премногу бавен и не може да се движи.

Потоа стана играч кој на 32 години беше продаден за 17 милиони фунти на Нотингем Форест, клуб кој двапати во својата историја го има освоено Купот на европските шампион.

Играше за Нов Зеланд на Мундијалот 2010, на Купот на конфедерациите во 2009 и 2017, како и на Олимпијадите 2012 и 2020.

Сезонава е еден од најдобрите напаѓачи во светот, најдобар стрелец на сите времиња за Нотингем Форест во Премиер лигата, а голови има даде на великаните Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Моментално е четврти најдобар стрелец во Премиер лигата со 14 голови, во конкуренција е за Златната копачка и еден од само седумте играчи во историјата на Премиер лигата кои постигнале хет-трик на Боксинг деј!

Стана првиот играч во историјата на Нотингем Форест кој ја освоил наградата за играч на месецот во Премиер лигата.

Статистиката вели дека денес е најдобриот напаѓач во Европа бидејќи сезонава претворените удари во гол му се со стапка од 34,2%.

За Нов Зеланд има постигнато 41 гол на 80 натпревари.

Приказната на Крис Вуд е она што нѐ тера одново да се заљубуваме во фудбалот, една од најсилните и најубавите успешни приказни во спортот.

Тагови
реклама

Фудбал

ФИФА ги објави кандидатите за наградата Пушкаш

Read more

Костиќ удри по Пикси: Да имавме селектор немаше да изгубиме од Албанија

Read more

Милевски генерално задоволен од нулата со Латвија: Играчите ја оправдаа довербата

Read more

Роналдо им се потсмеваше на Ирците, па го стигна карма и доби црвен

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

ФИФА ги објави кандидатите за наградата Пушкаш

Читај повеќе

Костиќ удри по Пикси: Да имавме селектор немаше да изгубиме од Албанија

Читај повеќе

Милевски генерално задоволен од нулата со Латвија: Играчите ја оправдаа довербата

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо им се потсмеваше на Ирците, па го стигна карма и доби црвен

Читај повеќе

Роберто Манчини има нова работа

Читај повеќе

Ибра ја објасни разликата помеѓу трите најсилни лиги во кои играл

Читај повеќе

Изјавите на Димитриевски ги разлутија челниците на Валенсија

Читај повеќе
  • play_arrow

Германски навивач си ќари дрес и автограм од судијата

Читај повеќе

Прво синот на Зидан, сега брат му на Мбапе: Алжир си ја собира дијаспората

Читај повеќе