Од сите агли: Ова е новата Mercedes Ц класа
Компанијата Mercedes Benz минатата недела официјално ја претстави новата Ц класа, а сега е време да го видите автомобилот од сите агли.
Германскиот луксузен бренд не губи време, па освен новиот седан претставија и практичен караван.
Сите мотори се електрифицирани и впарени со 9-степен автоматски менувач. Во понуда се моделите C200 и C200 4Matic со 1,5-литарски мотор кој развива 201 КС и 300 Nm максимален вртежен момент, модел со погон на сите 4 тркала од 0 до 100 км/час забрзува за 7,1 секунда.
Нарачките во Европа ќе почнат при крај на март.
Погледнете ја галеријата.