Од вијагра, до вакцина против корона: Кој е контроверзниот гигант Pfizer?

Вакцината против COVID-19 е на повидок, со овие зборови започнува текстот на Сара Босели, уредничка на рубриката за здравство на британски Guardian. Таа ги цитира резултатите од студијата за третата фаза од тестирањето на вакцината на Pfizer и BiNTech, што покажува дека оваа потенцијална вакцина заштитила 90 проценти од вакцинираните волонтери од инфекција со новиот коронавирус.

Вакцината против коронавирус, со работно име BNT162, почна да ја развива компанијата BioNTech со седиште во Мајнц, Германија, во средината на јануари. Компанијата пролетва влезе во партнерство со американскиот фармацевтски гигант Pfizer, која се обврза да ги покрие сите трошоци за понатамошен развој.

Откако ќе се одобри вакцината, Pfizer и BioNTech заеднички ќе ја комерцијализираат, освен за кинескиот пазар, за каде Германците имаат договор со кинеската фармацевтска компанија Fosun Pharma.

Ако сè се одвива според планот, Pfizer и BioNTech ќе останат во историјата како првите производители на вакцината што ја запре најлошата пандемија во повеќе од еден век.

Мала сина пилула, голем профит

Најпознат и еден од најпрофитабилните производи на Pfizer досега беше „малата сина пилула“, чудесниот лек за еректилна дисфункција кај мажите – вијагра. Како и повеќето други големи откритија, тоа се случи сосема случајно.

Хемичарите во лабораториите на Pfizer се обидуваа да синтетизираат лек за лекување на висок крвен притисок и ангина пекторис. Сепак, првите клинички испитувања покажаа дека лекот има многу мал ефект врз ангината, но може да индуцира ерекција.

Па така, Pfizer реши да лансира лек за еректилна дисфункција наместо за ангина пекторис. Лекот беше патентиран е во 1996 година и одобрен на 27 март 1998 година.

За време на одобрувањето, вијагра имаше најбрз почетен раст на продажбата од лансирањето на кој било производ на рецепт, достигнувајќи продажба од скоро 2 милијарди долари во 2008 година. До денес, 66 милиони мажи ширум светот користеле вијагра, а годишно се продаваат 40 тони од лекот.

Минатата година Pfizer имаше приход од скоро 52 милијарди долари и заработка од 16,3 милијарди долари. Најпродаван производ на гигантот е лекот против болки лирика (Lyrica), што сочинува скоро 10 проценти од годишните приходи на компанијата.

Како се гради фармацевтски гигант?

Pfizer вработува повеќе од 88.000 луѓе ширум светот. Најголемо учество во сопственоста на американската компанија имаат инвестициските фондови (околу 39 проценти), додека остатокот (33 проценти) е во рацете на институционални инвеститори - банки, пензиски фондови и други.

Во раководните структури на Pfizer веќе 80 години нема никој од семејството по кое е именувана компанијата. Последниот беше Емил Фајзер и тој ја водеше компанијата од 1906 до 1941 година.

Неговиот татко Чарлс (неговото вистинско име беше Карл) влезе во бизнисот со лекови во 1849 година со неговиот братучед Чарлс Ф. Ерхарт. И двајцата беа по потекло од германскиот град Лудвигсбург.

Компанијата Charles Pfizer & Co е основана во Њујорк. За време на американската граѓанска војна, побарувачката за лекови против болки, конзерванси и средства за дезинфекција се зголеми, па Pfizer се фокусираше на тој пазар.

На крајот на 19. век, компанијата стана водечки производител на лимонска киселина во САД. Бидејќи новите пијалоци како „кока-кола“ и „пепси-кола“ стануваа популарни, побарувачката за лимонска киселина се зголеми и овој производ стана главен извор на приход на Pfizer во следните децении.

За време на Втората светска војна, компанијата стана водечки производител на пеницилин во светот. Ова му даде дополнителен поттик на Pfizer и од 50-тите години на минатиот век па наваму почна светската експанзија на гигантот.

Првиот производ што им донесе продажба од 1 милијарда долари годишно беше лекот против воспаленија фелдин (Feldene), лансиран во 1980 година. Во наредните години компанијата забележа солидна продажба и на другите нејзини производи, од антидепресивот золофт до вијагра.

Од раните 2000-ти, Pfizer во голема мера го заснова својот раст на аквизиции, што ја направи една од најголемите фармацевтски компании во светот.

Големи пари, но и големи контроверзии

Нигериската влада покрена тужба против Pfizer во 2007 година, обвинувајќи го гигантот дека искористил 200 деца од Нигерија како „експериментални глувчиња“ за тестирање на експерименталниот антибиотик трован. Pfizer беше обвинет за смртта на единаесет деца и за предизвикување на сериозни оштетувања на здравјето на децата кои преживеаја. Нигериската влада побара обештетување од 7 милијарди во име на семејствата на починатите и децата кои претрпеа штета.

Во 2009 година, компанијата мораше да плати рекордна отштета од 2,3 милијарди долари во САД за лажно промовирање, поткуп и прикривање на несаканите ефекти на лековите. Pfizer се изјасни за виновен за погрешно обележување на аналгетикот бекстра со „намера да измами или затаи“ затоа што рекламирал лек за лекување на акутна болка во дози кои претходно биле оценети како опасно високи од страна на американската Администрација за храна и лекови (ФДА).

Пред осум години, Pfizer се согласи да плати казна од 60 милиони долари под обвинение за подмитување лекари во Хрватска, Бугарија, Кина, Чешка, Казахстан, Русија и Србија, во периодот од 1997 до 2001 година, сè со цел тие да препишуваат лекови на фармацевтската компанија.

Во САД, Pfizer е познат како еден од најголемите лобисти на политичката сцена. На пример, во 2010 година тие потрошија 25 милиони долари на лобирање, додека дебатата за реформата на здравствениот систем беше во полн ек.

Тесните врски на Pfizer со американската влада беа потврдени со случајот на поранешниот главен комесар на Администрацијата за храна и лекови (ФДА) Скот Готлиб. Тој поднесе оставка во април 2019 година и три месеци откако стана од фотелјата во главниот државен регулатор, тој се појави во управата на Pfizer.

Во таа насока, тврдењето на Трамп дека Pfizer намерно го одложува објавувањето на веста за ефикасна вакцина против коронавирусот за тој да ги загуби изборите, не изгледа толку невозможно. Особено ако се знае дека Трамп водеше војна со фармацевтската индустрија околу цените на лековите.

Во јули годинава Трамп потпиша четири укази за намалување на цените на лекови на рецепт. Американската асоцијација на фармацевтски производители и истражувачи му рече дека станува збор за „несовесно пренасочување, што го ослабува одговорот на пандемијата на коронавирусот“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе