Од викендов достапна отворената бета верзија на Call of Duty: Vanguard

Викендов во конзолата на Play Station доаѓа отворената бета верзија на новото продолжение на Call Of Duty, наречено Vanguard, чија официјална презентација е најавена за 5 ноември.

Во новото продолжение на Call Of Duty, играчите на Play Station ќе бидат сведоци на создавањето на специјални единици, со оглед на тоа што во мултиплеер играњето играчите ќе бидат дел од таквите единици кои имаат за цел тактички да играат и да доживеат ново гејмерско искуство со други играчи.

Call of Duty: Vanguard на Play Station пристигнува на 5 ноември, а отворената бета верзија ќе биде достапна два викенда за оние кои купиле една од официјалните верзии. Првиот викенд, односно од 10 до 13 септември, играчите ќе имаат можност да играат три режими на оваа игра: Team Deathmatch, Domination и Kill Confirmed, како и новиот MP Patrol режим. Исто така, ќе има три карти на Hotel Royal, Red Star и Gavutu, кои се всушност три различни сценарија од Втората светска војна.

Оние што ќе ја играат бета верзијата на Vanguard и ќе стигнат до 20-то ниво, ќе добијат бонус оружје Blueprint кое ќе можат да го користат во целосната верзија на играта која ќе биде објавена на 5 ноември, но и во новата карта на Call Of Duty: Warzone која ќе биде објавена подоцна годинава. Не е потребен Play Station Plus за отворена бета мултиплеер играње, додека за целосната верзија ќе биде потребна и оваа претплата.

Целосната верзија на игрицата носи 16 мапи, различни средини и сценарија, како и режими на игра. Покрај Champion Hill - брз и френетичен турнир за Solo, Duos i Trios – Vanguard ќе воведе уште еден нов режим за играње: Patrol кој се базира на зона на бодување во речиси постојано движење, принудувајќи ги операторите да останат во движење.

Новитети и награди ги чекаат екипите и клановите кои преку новиот систем ќе можат да го следат нивниот развој, амблеми и да отклучат Battlepass награди за сите играчи во кланот.

Цената на Call of Duty: Vanguard - Cross-Gen Bundle за PS5 е 70 долари, додека Ultimate Edition со бројни бонуси чини 99,99 долари. Стандардната верзија за PS4 е 59,99 долари.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Гејминг

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Read more

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе