Од заболените од коронавирусот 7 пациенти се во критична состојба

На Клиниката за инфективни болести во изминатите 24 часа се примени пет нови пациенти. Во моментов вкупниот број на хоспитализирани пациенти на Клиниката изнесува 68 од кои со потешка клиничка слика се 20, а седум се во критична состојба.

За ова денеска на прес-конференција информираше министерот за здравство Венко Филипче на која ги соопшти веќе објавените податоци дека 46 лица се новозаболени со коронавирусот со што вкупниот број се искачи на 663.

– На Клиниката е примена мајка и четиримесечно бебе од Кочани кои во моментот имаат стабилна клиничка слика, секојдневно се пратат од страна на педијатар со некоја сосема лесна форма на анемија и исип. Бебето е во стабилна здравствена состојба и без потреба од респираторна поддршка, истакна Филипче.

Тој соопшти дека кај четворица од пациентите кои се лекуваат на клиника се чека и вториот контролен тест, првиот е негативен и дека доколку и вториот е негативен тие ќе бидат пуштени дома.

Во болницата „8 Септември“ се хоспитализирани 25 пациенти, пет од нив се во тешка состојба и се наоѓаат во Одделот за интензивно лекување приклучени на вештачка вентилација. Во Битола има четири пациенти кои се на болничко лекување од нив тројца се во стабилна состојба, а еден е со кислородна поддршка. Во болницата во Штип четворица пациенти се на болнички третман и сите се со лесна форма на болеста.

Миниистерот на прес-конференцијата информираше дека денеска во Министерството за здравство се отвораат понудите за респираторни машини.

– Тоа е постапка на која предност даваме на рокот на испорака, имајќи во предвид дека во моментов на светскиот пазар е голема побарувачка на овие машини  и секоја земја има предизвик да дојде до истите.

Во тек е и завршија повеќе постапки во однос на заштитна опрема на реагенси, а денеска почнува уште една постапка за набавка на 3.000 реагенси за лабораторијата во Институтот за јавно здравје, истакна Филипче.

Министерот сооошти дека денеска е објавена и листата на донатори од кои на сметката на која што се донираат парични средства се собрани близу 60 милиони денари.

Овие средства, рече Филипче, за многу краток период ќе бидат употребени за набавка на материјали за третманот на пациентите. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе