ФИФА Светско првенство Катар 2022

Одбележани две години од смртта на Марадона

Аргентинците и Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) на маргините на Светското првенство во Катар ја одбележаа двегодишнината од смртта на легендарниот фудбалер Диего Армандо Марадона.

Неколку илјади аргентински навивачи се собраа во петокот вечер на еден од плоштадите во Доха за да му оддадат почит на Марадона и да изразат поддршка на својата репрезентација, која по сензационалниот пораз од Саудиска Арабија, вечерва ја очекува дуел против Мексико во рамки на второто коло во групата Ц.

Улиците на Доха беа преплавени со аргентински знамиња, додека голем број аргентински навивачи го скандираа името на Марадона и пееја песни во негова чест.

-Премногу ни недостасува. Секогаш беше со нас. Сигурен сум дека ќе ја гледа репрезентација каде и да е и би требало да ни помогне“, рече еден аргентински навивач во Доха.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, рече дека Марадона е бесмртен и најави дека на секое Светско првенство во иднина ќе има ден резервиран за сеќавање на легендарниот аргентински фудбалер.

-Сите знаат за уникатната искреност и харизма кои ги имаше Диего. Беше голем лидер во Аргентина, Јужна Америка и во целиот свет. Мораме да продолжиме да го славиме, додаде Инфантино.

Марадона почина на 25 ноември 2020 година од срцев удар во семејниот дом во Буенос Аирес, додека се рехабилитираше од операција на мозокот. 

Remote video URL
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Фудбал

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Read more

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе