Максимална победа од 3:0 оствари македонската одбојкарска репрезентација за втора победа во квалификациите за пласман на ЕУРО 2021.
За разлика од првиот натпревар во понеделникот, сега македонските одбојкари беа далеку подобри на прием, одиграа поинаков натпревар и забележаа планирана победа.
Босанците не успеаја да освојат ниту еден сет, а најблиску беа во вториот кој го загубија на разлика со 27:25. Првиот сет Македонија го доби со 25:20, а третиот со убедливи 25:13.
Утре нашите одбојкари имаат слободен ден, а од 18 часот ќе се сретнат Турција и Босна и Херцеговина. В сабота во истиот термин Македонија и Турција ќе ги затворат квалификациите. Ние ќе се надеваме дека нашите одбојкари ќе победат, или пак доколку загубат тоа да биде со два освоени сета бидејќи доколку сакаме како второпласирани да се пласираме на ЕУРО секој сет ни е битен.
Моментален пласман:
- Турција 6 (6:1)
- Македонија 6 (7:4)
- Босна и Херцеговина 0 (1:9)