МЕДИТЕРАНСКИ ИГРИ АЛЖИР 2022

Одбојкарките поразени од Грција, одбојкарите од Италија

Два убедливи порази на македонските одбојкарски репрезентации на Медитеранските игри во Алжир со што го завршија настапот без освоен бод.

Фото: МОК

Женската репрезентација со убедливи 3:0 загуби од соседна Грција во 3. коло од групата Б каде Македонија остана закована на последното место. Гркинките славеа со 25:18, 25:16 и 25:19 по сетови. Синоќа одбојкарите загубија со 3:0 од Тунис, а на отворањето со 3:1 од Египет.

Табела:

  1. Грција 9 9:0
  2. Тунис 3 3:3
  3. Египет 3 3:3
  4. С. Македонија 0 1:9

Одбојкарите по синоќешниот убедлив пораз од Египет (3:0) денеска очекувано потклекнаа пред силната Италија, губејќи со идентичен резултат. По сетови „Аѕурите“ славеа со 25:19, 25:16 и 25:23. Нашата репрезентација достоинствено го бранеше црвено-жолтиот дрес против силниот противник, но со овој натпревар сепак заврши нивното учество на Медитеранските игри во алжирскиот град Оран.

На овој натпревар капитенот Никола Ѓорѓиев беше најефикасен со 13 поени, Милев освои 7, Савовски 6, Маџунков 5, Костиќ 4, Илиев и Ѓорѓи Ѓорѓиев завршија со по 3, а шанса доби и Стефан Алексов, кој забележа 1 поен.

Табела:

  1. Италија 6 6:0
  2. Египет 3 3:3
  3. С. Македонија 0 0:6
реклама

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе