1.МФЛ 2019/20

Одбран идеалниот тим на есенскиот дел во Првата фудбалска лига

Очекувано, во најдобрите единаесет доминираат играчите на Вардар кои покажаа најмногу и се лидери на табелата.

Во заедничкиот избор на порталите MacedonianFootball.com и Transfermarkt.de употребена е формацијата 4-2-3-1 и има шест играчи од Вардар и тоа целосната одбрана на чело со голманот Филип Гачевски кој на дури 11 од 18-те натпревари не прими гол.

На десната и левата бековска позиција се Владица Брдаровски и Бразилецот Леовижилду, додека централни дефанзивци се Јевхениј Новак и Кристијан Тошевски. Одбраната на Вардар во есенскиот дел на 18 натпревари прими 11 голови, што е најмалку од сите клубови. Бразилецот дури и беше одличен во офанзивниот дел постигнувајќи 4 голови и запишувајќи 6 асистенции. Воедно, сите петмина полусезоната ја завршија без нити еден црвен картон.

Во централниот дел од средината се Ѓорги Стоилов од Академија Пандев и Арменд Алими од Шкендија. Стоилов беше најдобар поединец во струмичкиот тим и се избори и за деби во националниот тим. Алими, пак, беше ретка светла точка во бледиот тим на актуелниот шампион Шкендија кој беше големо разочарување изминатава есен и оттаму доби само еден играч во иделниот тим.

На крилните позиции се Бразилец и Хрват. Сержињу беше незапирилив за притивниците играјќи по левата страна за тимот на Шкупи. Постигна 4 голови и асистираше трипати, но секогаш кога на тимот не му одеше тој беше моторот кој ја преземаше обврската да ја креира играта. На спротивната страна е Никола Прелчец, играч кој лесно се адаптира на различни позиции во нападот. Тој е најзаслужен што Борец уште на полусезона не е испаднат бидејќи со осумте голови му донесе еден куп бодови.

Како треквартиста е Даниел Аврамовски, веројатно најдобриот играч на есенскиот дел. Се препороди во Вардар каде со 9 голови и 6 асистенции скоро секогаш беше одлучувачки фактор кога вардарци собираа бодови.

Во нападот најистурен е босанскиот голгетер Марин Јурина како втор играч на Шкупи кој доби место во идеалниот тим. Одигра 16 натпревари, постигна 8 голови и еднаш асистираше. Јурина беше навистина тежок играч за чување во казнениот простор со кого противничките одбрани мака мачеа.

Покрај идеалниот тим составен од 11 играчи, одбрани се и 12 резервни играчи.

Голмани: Костадин Захов (Шкендија) и Душан Чубраковиќ (Академија Пандев)
Лев бек: Гледи Мици (Шкендија)
Централни бекови: Егзон Бејтулаи (Шкендија) и Марио Маслаќ (Академија Пандев)
Десен бек: Мевлан Мурати (Шкендија)
Дефанзивна средина: Филип Најдовски (Вардар) и Филип Дурански (Силекс)
Треквартиста: Боби Божиновски (Македонија ЃП)
Крила: Љупчо Дориев (Академија Пандев) и Стениу Жуниор (Шкендија)
Напад: Ремзифаик Селмани (Ренова)

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе