Одиме на летување: Зошто е важно возачот да биде одморен пред одмор?

Без разлика дали патувате преку ден или во текот на ноќта, од клучно значење е да бидете добро одморени.

Плановите за одмор се при крај и со нетрпение сите го очекуваат летниот одмор поминат на некоја плажа со најблиските. Оние кои се подготвуваат да заминат на одмор сигурно веќе пресметале дека е поевтино да летуваат во сопствена режија, отколку преку агенција која би го организирала патувањето.

Доколку имате одлучено да патувате со автомобил, сигурно сте размислувале и за тоа кога е најдобро време да се тргне на долго патување, дали преку ден или во текот на ноќта.

РСБСП апелира до возачите:  Бидете внимателни,  надворешната и внатрешната температура во возилото да не биде поголема од седум степени, а исто така правете и чести паузи. Најдобар совет е да се тргне на пат  тогаш  кога возачот ќе биде добро одморен.

Возење преку ден

Најголемата предност на управување на возилото на долги патувања во текот на денот е тоа што видливоста е многу поголема, полесно и порано се видливи и полесно се перципираат сите елементи кои влијаат на безбедноста во сообраќајот, полесно се идентификуваат потенцијалните закани, пречки и можните  опасни ситуации во сообраќајот.

Сите бензински станици, аптеки и продавници работат, а и многу полесно пристигнува службата за помош, доколку се најдете во неволја или автомобилот е во дефект. Возење во текот на денот е особено погодно за луѓето кои користат  диоптерски леќи или очила.

Сепак покрај предностите, како најголема пречка  за возење преку ден се смета зголемениот интензитет на сообраќај. Најголемата разлика во однос на ноќното возење е што во текот на денот возачите често ги пресретнуваат големи товарни камиони и машини кои се бавни и кои зад себе создаваат колони.

Исто така, во текот на денот поголеми се и гужвите на бензинските станици,  наплатните рампи за патарина и на  граничните премини. Се вози по исклучително високи температури, а секое подолго чекање во колона значи подолго и поголемо изложување на сонце, а тоа најтешко го поднесуваат најмладите патници, особено доколку во возилото нема клима, иако тоа веќе и не е честа појава.

Ноќно возење

Најголемата предност која ја има возењето во текот на ноќта е помалиот интензитет на сообраќајот, како и фактот дека нема метеж на граничните премини, патарините и бензинските  станици. Статистичките податоци покажуваат дека во текот на ноќта се случуваат и помалку сообраќајни несреќи но, доколку се случи тие се со катастрофални последици. Температурите во ноќта се значително намалени, а со тоа и возењето е попријатно. Доколку на патиштата има застој, чекањето е многу полесно заради пријатните температури, а исто така ноќта е период кога најмалите спијат, па возачот има мир и концентрација.

Но една од најзначајните маaни во ноќното возење е тоа што видливоста на патот е значително намалена, па многу тешко може навремено да се идентификуваат заканите и препреките на патот. Лицата кои имаат послаб вид, не би требало да да возат навечер. За време на ноќното возење често се случува возачот да почувствува криза за спиење и веднаш треба да застане за да одмори, а тоа најчесто се случува во периодот помеѓу четири и шест часот наутро.

Организирајте го патувањето според вашите лични афинитети и секогаш патувајте одморени.

реклама

iPhone 14 Pro „растури“ на тестот за квалитет на камерата

Read more

Руски астролог открива кои три хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа во 2023 година

Read more

Што кралот Чарлс јаде за појадок?

Read more

НАСА го удрила астероидот посилно од очекуваното: Можеби му откинавме парче 

Read more

Авто новости

Ибра се почести со ново Ferrari за 41. роденден

Read more

Рачниот менувач ја губи популарноста - автоматиците го освојуваат пазарот

Read more

Tesla во Берлин веќе произведува 2.000 автомобили неделно

Read more

Фиќојада - необична парада на симболот на поранешна Југославија

Read more
 

Автомобили

Ибра се почести со ново Ferrari за 41. роденден

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најчистиот автомобил во светот - си ја собира дури и прашината од гумите

Читај повеќе

Рачниот менувач ја губи популарноста - автоматиците го освојуваат пазарот

Читај повеќе

Tesla во Берлин веќе произведува 2.000 автомобили неделно

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиќојада - необична парада на симболот на поранешна Југославија

Читај повеќе

Флојд Мејведер доби доживотна забрана да купува во Bugatti 

Читај повеќе

Tesla Cybertruck ќе биде водоотпорен и ќе може да плови

Читај повеќе
  • filter

Враќање на легендарниот рели автомобил, цената - астрономска

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа производниот погон за хрватскиот Rimac Nevera?

Читај повеќе